Работни обврски

Сите работни обврски кои важат на ниво на цело претпријатие се внесуваат во шифрарникот на работните обврски. Тие се појавуваат во евиденција на време како копчиња во часови, преку кои вработените го регистрираат работното време. Поставките за работните обврски во програмата PANTHEON Web Light може да се најдат во Подесувања | Евиденција на време | Работни обврски.
Во ова поглавје ќе ви покажеме пример за создавање нова работна обврска во програмата PANTHEON Web Light.
 |
СОВЕТ
Можете да прочитате повеќе за подесувањата на работните обврски во поглавјето Работни обврски.
|
 |
ОПИС НА ПРИМЕРОТ
Одговорното лице сака да додаде нова обврска во шифрарникот на работни обврски: Ручек од дома. Ги отвора подесувањата за работни обврски и почнува да додава нова обврска. Тоа го прави следејќи ги овие чекори:
- Избор на подесувања за работни обврски
- Креирање нова обврска
|
1. Избор на подесувања за работни обврски
Одговорното лице сака да го отвори списокот со тековни работни обврски.
Го избира модулот Подесувања | Евиденција на време | Работни обврски.
Се прикажува список на тековни работни обврски.

Одговорното лице продолжува со креирање нова работна обврска.
2. Креирање нова обврска
Одговорното лице сака да постави нова работна обврска во шифрарникот на работни обврски: Пауза за ручек - од дома.
Започнува со внесување на нова работна обврска во првата празна линија од списокот.
Во празното поле во колоната Шифра, ја внесува соодветната шифра за работната обврска: ПРД.
Во празното поле во колоната Назив го внесува името на обврската : Пауза за ручек - од дома.

Во празното поле на колоната ВЗ, избира: РДР (редовно работно време) од паѓачката листа.
Во празното поле од колоната Операција од паѓачката листа избира: Додај.
 |
СОВЕТ
Операцијата покажува дали работната обврска се брои како работно време за избраниот вид на заработувачка при изготвување на платен список. Времето може да се додаде, одземе или да нема ефект (ништо).
|

Го маркира прекинувачот во колоната Од дома.
 |
СОВЕТ
Маркираниот прекинувач вели дека оваа работна обврска ќе се прикаже на копчињата кога во часовникот Евиденција на време ќе се маркира прекинувачот Работа од дома.
|
Во колоната Икона од паѓачката листа ја избира иконата : 
Во колоната Боја на основата, од паѓачката листа ја избира бојата:
.

Со кликнување на копчето
ја додава работната обврска во шифрарникот.
Во Евиденција на време ќе се појави копче за внесената работна обврска.