
Поставки за испраќање барања од Евиденција на време

В Евиденција на време додаваме произволни барања, кои се документираат во табот Барања и се пренесуваат во Задачи. Во продолжение се опишани поставките за правилно функционирање на бизнис процесот за испраќање барања од Евиденција на време.
Во оваа глава ќе ви покажеме пример на поставки за испраќање барања од Евиденција на време во PANTHEON Web Light.
 |
ОПИС НА ПРИМЕРОТ
Одговорната личност треба да провери потребните поставки за испраќање барања од Евиденција на време во програмата PANTHEON Web Light. Во програмата PANTHEON провери ги поставките на Бизнис процесот и Интернет поставките на корисникот. Тоа го прави по следните чекори:
- Поставки на Бизнис процесот
- Интернет поставки на корисникот
|
1. Поставки на Бизнис процесот
Одговорната личност сака да уреди правилно функционирање на испраќањето барања од Евиденција на време. Во случај барањето во прозорецот за Додавање барања при клик на копчето Испрати не се испрати, потребно е да се провери дали на PANTHEON базата постои бизнис процес под името Барање за Евиденција со ID број: A46E9F87-19EF-4AED-BA21-457E4D6FD622
Во програмата PANTHEON во менито избери Поставки | Документација | Дизајн на бизнис процеси.
Во алатната лента кликни на копчето
(Увоз/Извоз на податоци) и избери Пренос на шифратори.
Во прозорецот Пренос на шифратори - дефиниции на бизнис процеси избери го копчето Пренеси од серверот.
Избери бизнис процес под името Барање за Евиденција со ID број: A46E9F87-19EF-4AED-BA21-457E4D6FD622.
Избери го копчето Пренеси во шифратор.

2. Интернет поставки на корисникот
Преку бизнис процесот може да се испраќаат и примаат известувања на потврдувачот и испраќачот на барањето. За правилно функционирање потребно е да се има на PANTHEON базата за секој вработен, кој ќе испраќа барања, уредени поставки во Администраторската конзола.
Одговорната личност сака да провери ги податоците на корисникот.
Во програмата PANTHEON во менито избери Поставки | Програма | Администраторска конзола.
Избери Поставки и Интернет.
Провери ги поставките за електронска пошта на корисникот.
 |
СОВЕТ
Повеќе за поставките на електронската пошта можете да прочитате во главата Интернет.
|

3. Автентикации за Задачи
Потврдувачот мора да има поставени права за пишување во Задачи.
Одговорната личност сака да постави права за пишување во Задачи за корисникот Даниел Директор.
Во програмата PANTHEON во менито избери Поставки | Програма | Администраторска конзола.
Во администраторската конзола со клик на копчето
избери менијата Корисници и групи | Корисници | ДИРЕКТОР - Даниел Директор | Безбедност | Даталаб апликации | Даталаб PANTHEON Web | ПАВ – Задачи.
Во полето Основни дозволи избери прекинувач: Пишување.
