Ветени плаќања
Promised Payments
Во табот Ветени плаќања, може да се внесат датуми за ветени плаќања, кои должникот ги дефинира при обидот за наплата. Овие податоци внесени , можат да бидат испринтани ( погледнете Испис наплата)
Овој таб се состои од три целини:
- Отворени ставки - отворени ставки на партнерот, кој го дефинираме во главата на документот
- Ветени затварања на документи - отворени ставки кои по договор со Партнерот, се пренесуваат од табелата отворени ставки. Со датум на валута, се пополнува полето за датум, кое дополнително може да биде променето.
- Збир на ветени плаќања - збир на ветени плаќања, здружени по датумот на ветување за плаќање од претходната табела
Позициите од колоната Отворени ставки, се пренесуваат во колоната Ветени затварања на документи на два начина:
1. Со двоен клик на позицијата од првата колона, при што позицијата се пренесува во втората колона со денешен датум. Тоа значи дека должникот ни дал ветување дека отворените ставки ќе бидат платени денес. Во оваа табела може да се промени и датумот, а со самото тоа, поединечни поставки автоматски се ажирираат, а со тоа се ажурира и податокот за вкупна вредност на ветени плаќања
2. Со десен клик на маусот, при што на располагање се три опции :
- превземање на денешен датум - документот ќе се пренесе со денешен датум
- превземање на датумот на веќе последниот пренесен документ - документот е се пренесе со датумот на последниот пренесен документ
- пренос на датумот на документот - документот ќе се пренесе со постоечкиот датум на документ.
