SQL Server корисници во PANTHEON
SQL корисници во PANTHEON
PANTHEON™ креира SQL сервер логин за секој PANTHEON корисник.
PANTHEON™ го користи AD корисникот кој е отворен како SQL сервер логин со исто име.
 |
Доколку поставите база од друг сервер, корисниците од таа база ги има во базата, но не и на серверот.
За да се креираат SQL Server корисници од постојни корисница од базата, користете го програмот AddUsers.
|
Лозинки
PANTHEON користи SQL автентикација за корисници и нивни лозинки. PANTHEON корисникот е креиран како SQL Server логин со исто име.
За да се спречат корисниците да и пристапат на базата од задна врата (пр. со Excel, Access или Query Analyzer), лозинката е енкриптирана.
На пример корисникот АД има лозинка 1234 за пријава во PANTHEON но таа се чува како a$32wzhfdfi42_. Бидејки алгоритмот на енкрипција на лозинката е таен, корисникот не може сам да ја енкриптира лозинката. Лозинката внесена при најава во PANTHEON™ се енкриптира и се споредува со сочуваната вредност.
 |
Корисничката лозинка СЕКОГАШ променете ја во PANTHEON™.
Нема да можете да се најавите на PANTHEON™ доколку ја промените лозинката со податочен менаџер (пр. SQL Server Management Studio) или со SQL команди.
|
 |
Доколку некој корисник има потреба од пристап до PANTHEON™ податоците, направете нов логин и дозволете му пристап до потребните табели.
ВНИМАНИЕ: Корисник со NT login или корисничко име подолго од два знаци не ќе можат да ги променат податоците во PANTHEON™ (поради UNDO тригерите), но ќе може да ги чита.
|
SysAdmin корисници
Најмалку еден корисник мора да има SysAdmin права на SQL сервер инстанцата. По инсталацијата сите корисници кои ги креира инсталацискиот програм (најмалку AD) имаат SysAdmin права.
Корисник со оваа рола (права) може да додава нови корисници.
Поставување a SysAdmin корисник преку SQL Management Studio
Отвораме SQL Management Studio, ја наоѓаме саканата SQL Server инстанца, се отвора Security и потоа Logins.

На десниот панел, кликнете двапати на корисникот, на кој сакате да му се даде или одземе привилегија во системот. Ако сакаме на корисникот да му дадеме SysAdmin дозвола, тогаш ја штиклираме, ако не отштиклирајте го.

PANTHEON™ администраторската конзола сега покажува дека корисникот добил SysAdmin (администратор) дозвола на сите бази, кои се инсталирани на инстанцата на серверот.
Преку PANTHEON™ доколку сакаме може да се исклучат правата на одредени бази.