Гранула Патни налози

PANTHEON Гранулата Патни налози овозможува брзо и лесно внесување на Патни налози преку интернет преку мобилен телефон, таблет или компјутер. Ова поглавје прикажува примери за тоа како едноставно да креирате налог за патување и да додадете документи на истиот. Гранулата Патни налози ви овозможува лесно да внесувате тури, автоматски да ги комплетирате и пресметувате дневните надоместоци и да ги внесете можните трошоци како гориво, сместување, патарини, паркинг и други трошоци.
Сметките за трошоци може лесно и брзо да се прикачат на патниот налог со помош на камерата на мобилниот телефон. Сите внесени податоци се веднаш видливи на десктоп програмата PANTHEON.
Со користење на оваа Гранула можете да го поедноставите процесот на внесување, пресметување, известување и анализа на службени патувања.
 |
ВНИМАНИЕ
- За активирање на Гранула Патни налозипрочитајте го поглавјето Активирање на Гранула Патни налози.
- Стандардно, Гранулите ги прикажуваат само податоците на најавениот корисник. Приказот на податоците може да се промени во секое време во овластувања.
- Специфичното лого и име на ганулите во главното мени се видливи доколку на корисникот му е доделена една Гранула. Во случај на неколку доделени Гранули на корисникот, главното мени покажува генеално лого на Гранули.

|
Овој водич ги опишува одделните теми за Гранула Патни налози. Овде ќе најдете и описи на поединечни форми, претходно дефинирани полиња, копчиња за функции итн.

 |
СОВЕТ
Ако ви треба демонстрација за тоа како одредена карактеристика во Гранула Патен налог функционира, ве молиме погледнете ги примерите за практична употреба во упатството за употреба за Гранула Патни налози.
|