ВД за ЛТ/ЛХ
Поврзи з ЛТ/ЛХ менијот (ВД за ЛТ/ЛХ)
Сметководствени услуги (гостување - хостинг)
Содржината е наменета пред сè за сметководствени услуги, чии корисници на програмите ЛТ/ЛХ се преку гостување (хостинг) поврзуваат на база на податоци на која работи и сметководствениот сервис, и самостојни корисници на ЛТ/ЛХ верзии.
Во шифрантот на видови документи сметководствените услуги можат да создадат поврзувања меѓу документите на корисниците на верзиите ЛТ/ЛХ и меѓу документите во сметководствената верзија на програмата. Можноста овозможува создавање поврзувања без оглед на содржината односно видот на документите на сметководствениот сервис, кои се наоѓаат во базата на која работи сметководствениот сервис и истовремено корисникот на верзијата ЛТ/ЛХ.
Поединечен документ во верзијата на програмата ЛТ/ЛХ може да има само еден соодветен документ од сметководствената верзија. Документите во верзиите ЛТ/ЛХ се уникатни, исто како што беше и до сега.
Код – код или ознака на видот на документот од сметководствената верзија на програмата, на основа на која можеме понатаму да создадеме поврзување со соодветниот документ во верзијата ЛТ/ЛХ
Поврзи з ЛТ/ЛХ менијот – во зависност од активниот избран код на документот од сметководствената верзија, е достапен избор на видот на документот од верзијата ЛТ/ЛХ за создавање поврзување
Менијска ставка во ЛТ – назив на менијата или називот на документот, кој се користи или е видлив во верзиите на програмата ЛТ/ЛХ; документите во овие верзии се уникатни, отворањето на дополнителни видови документи не е можно
Поврзување со видот на документот – прикажување на веќе создадените поврзувања за поединечен код/вид на документот од сметководствената верзија на програмата во зависност од видот на документот во верзијата ЛТ/ЛХ
Во случај да сакате да отворите документ, чии видови во верзиите ЛХ/ЛТ содржински не се точни, автоматски ќе ви се отвори прозорецот прикажан погоре со дополнително известување за недостигната содржина, која треба правилно да се одреди односно поврзе со документот од сметководствената верзија.

Совет:
На сметководствените услуги им препорачуваме да им постават поврзувања на своите корисници на верзиите ЛТ/ЛХ меѓу поединечните видови документи за нивно непречено работење.
Препорачливо е исто така, сметководствените услуги да ја опремат својата база на податоци, која во иднина ќе ја користат новите корисници на ЛТ/ЛХ (нови компании), веќе однапред со посакуваните поврзувања на видови документи.
Корисници на верзиите ЛТ/ЛХ (гостување - хостинг)
На корисникот на верзијата ЛТ/ЛХ може да му се прикаже прозорец за автоматско додавање документ, ако видот на документот од страна на сметководствениот сервис сè уште не е правилно поставен односно поврзан. Пред овој процес, се препорачува да се консултирате со вашиот сметководствен сервис Пантheon!
Во случај корисникот на верзијата на програмата ЛТ/ЛХ не е администратор, нема можност за автоматско додавање на видови документи. Тоа може да го направи само соодветниот сметководствен сервис Пантheon или администраторот на програмата.
Корисници на верзиите ЛТ/ЛХ (самостојни верзии)
Во случај корисникот на ЛХ/ЛТ самостојно да инсталира програма локално на својот компјутер, и истовремено администратор, може сам да поставува поврзувања, ако е тоа потребно.
 |
За групирање на видови документи во менијото, видете ја поставката за Група. |