Dnevnik muže
Дневник на молзење
Дневникот на молзење е збирен внес на измолзеното млеко. Во овој прозорец се внесува вкупната количина на измолзеното млеко и се дели помеѓу животните кои сте ги измолзиле. Покрај ова се внесува и потребното време за одредени работници. Дневницитена молзење се поделени во однос на домаќинство/одгледувалиште кои се внесуваат во делот Подесувања|Сопствеништво|Домаќинство. Ако сакаме да внесеме дневник за друго домаќинство се служиме со пребарувачот.
Податоци за количината на млеко
Во полето над табелата може да се избере помеѓу различни месечни внесови. Доколку е означена опцијата Само за месец, се прикажуваат само внесените податоци за еден месец.
Датум |
Се внесува датумот на молзење |
Кол. |
Се внесува вкупната количина на измолзено млеко |
ЕМ |
Од паѓачкото мени се избира единицата мерка (кај молзењето тоа е литар) |
Магацин |
Од паѓачкото мени избираме магацин во кој сакаме да го додадеме млекото. Избираме помеѓу субјектите кои во шифрарникот сме ги означиле како магацини. |
Бр. Сом.станица |
Се внесува бројот на сом. страници во млекото доколку е направена анализа |
Белковини (%) |
Се впишува уделот на белковини во млекото |
Масти (%) |
Се впишува уделот на масти во млекото |
Лактоза (%) |
Се впишува уделот на лактоза |
Урина |
Се впишува уделот на урина во млекото |
ISC |
Се впишува ISC факторот |
Напомена |
Се впишува напомена по желба |
Полето начин на внес и Бр. на документ не се внесува туку истиот се запишува автоматски.
Откако е внесена вкупната количина на млеко, податоците се зачувуваат со притискање на копчето горе-долу или со клик на копчето Ентер. Кога внесот ќе се зачува се отвора нов прозорец со мени за животните. Во тој прозорец ги избираме животните кои сме ги молзеле. Изборот може да се направи над животните кои се во одредено домаќинство и се во статус на лактација.
Мени на животни

од друг сопственик |
Со избор на ова поле се прикажуваат и животни кои се наѓаат и во други домаќинства доколку истото сме го внеле во делот за сопствеништво. |
без оглед на статус |
Со избор на ова поле, на списокот на животни се прикажуваат и животни чиј статус за производство на млеко не е Во лактација. На тој начин може да се внесуваат податоци кои се случиле и во минатото. |
Избери |
Кога ќе се означи оваа опција, се избира животното од листата за молзење |
ИБ жив. |
Полето е приказно и прикажива ИБ на животното |
Сегашен сопств. |
Локација, каде се наоѓа животното |
Статус |
Главен статус кој го носи животното |
Статус, производство млеко |
Статус на животното за производство на млеко |
Здр. статус |
Здравствен статус кој го има животното |
Кога се клика на копчето
, се зачувуваат сите внесени податоци за млеко за избраното животно. Доколку сме погрешиле со изборот на некое животно истото може да се корегира со избор на копчето
по што повторно ќе се отвори менито со животни и ќе се корегира изборот на животни.
Работници
Со клик на панелот за Работници се отвора список на работници кои вршат молзење.
Работник |
Од паѓачкото мени го избираме работникот кој ја извршил работата. Избираме од работниците кои се внесени во делот за Кадрова евиденција. |
Датум и време на почеток |
Се внесува датумот и времето на почетокот на работата |
Датум и време на заклучок |
Се внесува датумот и времето на заклучокот на работата |
Број на часови |
Во ова поле автоматски се пресметува бројот на потрошени часови на работникот
|
Година/месец |
Година и месец на работа |
Основно средство |
Од паѓачкото мени се избира основно средство. Избираме од одновните средства кои се внесени во Регистар на основните средства. |
Напомена |
Се внесува напомена по желба
|
Полето Бр. на документ и Док. позиција не се внесува туку истиот се запишува автоматски. Полето ни кажува под кој број е креиран документот во внесените податоци.