Преглед на документи
Документи
Преглед на документи е моќна алатка, која овозможува пристап до документите и брз преглед на записите за соодветниот партнер. Преглед на документи е во форма на пребарувач, па со клик на мапата се движиме по дрвото со документи. Во прозорецот подолу се прикажани некои од главните типови документи на целиот програмски пакет DataLab Pantheon:
Нарачки на купувач |
сите нарачки на купувачи за тој партнер |
Нарачки на добавувач |
сите нарачки на добавувач за тој партнер |
Производство |
сите документи за ппроизводство за тој партнер |
Материјално - издавање |
сите документи за материјално издавање за тој партнер |
Материјално - прием |
сите документи за материјално прием за тој партнер |
Материјално - пренос - прием |
сите документи за материјално прием преку пренос |
Материјално - пренос - издавање |
сите документи за материјално издавање преку пренос |
Книжење |
сите книжења во салдаконти за тој партнер |
Благајна |
сите благајнички приеми/издавања за тој партнер |
Патни налози |
сите патни налози за тој партнер |
Опомени |
сите изработени опомени за тој партнер |
Компензации |
сите изработени компензации за тој партнер. Се гледа број, датум и статус во која се наоѓа компензацијата.
В - изработена компензација
П - потврдена компензација.
|
Преку оваа функционалност се добива преглед на сите внесени типови документи за тој партнер. За секој документ се прикажува број, датум и вредност.
Со означување на документот и клик на копчето Отвори се добива целосен преглед на позициите во документот.

Во преглед на документи може да се пребарува и по идент. Тоа е корисно кога се бараат сите документи за партнерот со тој идент. Овој филтер се однесува на иденти кои се во Нарачки, Производство, Материјално - издавање и прием.
Отвори
|
Со клик на копчето се Отвори одбележаниот документ. |
Додади
|
Со клик на копчето Додади за одбележаниот документ се отвора образец за внос на нов документ од ист вид како креираниот документ. |
Освежи |
Со клик на копчето Освежи, повторно се вчитуваат бараните податоци. |
Датум од / до |
Преглед на документите во избраниот датумски опсег. |
Со ДДВ |
Прикажани цени/вредности без ДДВ сакаме да се прикажат со вклучен ДДВ.
|
3. лице |
Ако е одбрано се прикажуваат документи каде што партнерот е внесен како 3 лице. |
 |
Доколку корисникот за одредени видови документи нема авторизации, тие не се прикажуваат во овој преглед.
|