Евиденција на присутност
Евиденција на присутност

Оваа форма може да се користи за импорт на податоци за присутност на работниците од електронската евиденција за следење на присутноста. Податоците во оваа форма исто така, можат и да се менуваат.
|
За импорт на податоци, најпрво треба да се постави патеката до информациите во параметри на прорамот и да се внесе бројот на картичката на вработениот во персоналната мапа! |
Во заглавјето на формата се наоѓаат следните податоци:
Работник |
Работникот за кој увезуваме податоци од електронската евиденција. |
Приказ на активни работници |
Доколку е означена оваа опција, програмот ќе ги прикаже само активните работници. Активни работници се оние кои немаат дефинирано Датум До во Работна книшка во персоналните мапи. |
Година |
Се одбира годината за која сакаме да се прикажат податоците. |
Месец |
Се одбира месецот за кој сакаме да се прикажат податоците (1,...12). |
Евиденција/Уредена евиденција
Формата има 2 секции - Евиденција и Уредена евиденција.За подобра прегледност, позициите од ист датум се обоени со иста боја. Во овој дел се наоѓаат следните податоци:
Датум и време |
датум и точно време на настанот. |
Тип |
типот на доаѓање/заминување, кој се импортира од програмот за следење на евиденцијата за присутност во Шифрарникот на типови на доаѓање/заминување |
Врата |
податок каде работникот влегол/излегол |
Опис |
опис на типот на доаѓање/заминување |
Во панелот Евиденција програмот ќе ги прикаже импортираните податоци од електронската евиденција и истите не може да се менуваат. Во панелот Уредена евиденција, овие податоци можат да се менуваат. На располагање стојат следните процедури:
Промени запис |
Доколку се промени запис програмот ќе ги означи променетите позиции со сина боја, во двата панели.
Како се менува запис? Поставете го курсорот на посакуваната позиција и корегирајте ја грешката. |
Избриши запис |
Доколку се избрише запис во панелот Уредена евиденција, програмот во панелот Евиденција ќе ја означи избришаната позиција со црвено.
Како се брише запис? Поставете го курсорот на посакуваната позиција и избришете ја со копчињата >>Ctrl+Delete<<
|
Додај запис |
Доколку се додаде нова позиција во панелот Уредена евиденција, програмот ќе ја означи истата со виолетова боја.
Како се додава запис? Поставете го курсорот на позицијата над која треба да се вметне нова и притиснете на копчето >>Insert<<
|