Инвентар/Попис
Инвентар
Инвентар

Листа на инвентар од Пантеон може да биде извадена на крај на година но и за пократок период.
Постапката за вадење на листа на инвентар е следната:
1. Чекор- Внес на податоци
Разликата помеѓу реалната инвентарна состојба и складишната евиденција, ја утврдуваме во модулот инвентар, каде што можеме податоците да ги внесеме на два начина:
- директно во компјутерот (користејќи бар код читач или со мануелно внесување)
- со принтање на инвентарерн лист, правиме попис и истиот го внесуваме во програмот.
2. Чекор- Споредба на инвентар
Кога пописот е направен и внесен во програмот, мора да се направи споредба на реалната состојба и состојбата во програмската евиднција.
Оваа споредба ја покажува разликата помеѓу реалната и книжената состојба, која потоа ќе се книжи
3. Чекор- Усогласување на инвентар
Следен чекор претставува усогласувањето на инвентарот. Отстапувањата кои ќе се појават треба да бидат испитани на ниво на компанија.
4. Чекор - Потврдување на инвентар
По усогласувањето на инвентарот, следен чекор претставува креирање на документите за вишок/ кусок.
За сите иденти кои имаат вишок на залиха- се креираат документи за вишок ( всушност влез во магацин), додека пак за идентите кои имаат кусок на залиха, потребно е да се креираат документи за кусок ( излез од магацин)
Документите за кусок и вишок се креираат одделно, за сите складишта што се користат во програмот.
По креирањето на овие документи, истите треба соодветно да бидат искнижени.
Маската е поделена на:
Лента со алатки |
вклучувајќи ги прозорецот за пребарување, волчебникот, извештаите и сл. |
Инвентарен број |
вклучувајќи датум на инвентар, број на документ за магацинот во кој се прави пописот. |
Позиции |
Ги вклучува идентите кои се на залиха:
- дополнителна лента со алатки
- Преглед на поврзани документи
|
Датум на валута |
|
 |
Доколку имате повеќе складишта креирано, потребно е да ја повторите постапката за сите складишта.
|