Registar
Регистар
Во PANTHEON Farm постои регистар за Говеда, Овци и кози и Прасиња. Регистрите меѓу себе се слични. Регистарот е наменет за преглед на сите животни на фармата на едно место. Преку регистарот може да се има увид во настаните за едно животно, кога е родено, каде е придвижено или поместено, итн. Кај овците, козите и прасињата може од регистарот да се креираат картички за животните, кога јагне/јаре или прасе добие свој ИД број.

Податоците кои се достапни во регистарот се пополнуваат преку картичката на животни или pop-up прозорците.
ИБ жив. |
Се наведува ИБ на животното кој е на картичката кај добитокот, козите и овците и прасињата. Кај козите и овците се запишува AUTOID кое претставува автоматски генериран број и истиот не е видлив на картичката кај козите и овците. |
Интерна ознака |
Интерна ознака имаме на картичките кај козите и овците, каде јагне/јаре по раѓањето се означува со интерен број/ознака. |
Датум на раѓање |
Се впишува датумот на раѓање на животните |
Датум на означување |
Се внесува датумот кога сме го означиле животното |
Пол |
Се внесува полот на животното |
Вид на животни |
Се внесува видот на животно: добиток, овца, коза, прасе |
Раса |
Се внесува расата на животното |
Видови по ФАДН |
Се забележува видот по ФАДН, кој е на картичката на животното |
Ориентација |
Се евидентира ориентацијата која е на картичката на животното |
Моментално РБО |
Се впишува бројот на РБО каде се наоѓа моментално животното |
Група/Стадо |
Се впишува групата/стадото на кое припаѓа животното |
ИБ мајка |
Се внесува ИБ на мајката од основните податоци на животното или од неговата картичка |
ИБ татко |
Се внесува ИБ на таткото од основните податоци на животното или од неговата картичка |
Статус |
Се запишува последниот статус во кој се наоѓа животното во моментот на преглед на регистарот. |
Со клик на копчето
се отвора маска за внес на ново животно во регистарот, во случај кога сме купиле ново животно или се родило на фармата.

ИБ жив. |
Се внесува ИБ на животното кое го внесуваме |
Интерна ознака |
Се внесува интерна ознака за животното по желба |
Вид |
Се внесува видот на животното |
Раса |
Се внесува расата од паѓачкото мени |
Пол |
Се внесува полот на животното |
Генотип/NSP |
Се внесува генотипот на животното токолку ни е познат |
Датум на раѓање |
Се внесува датумот на раѓање |
Датум на означување |
Се внесува датумот кога е означено животното, доколку истиот е познат |
Роден бр. |
Се внесува бројот од раѓање доколку е познат |
Ориентација |
Се внесува ориентацијата на животното: месна, млечна или размножување |
Стадо/Група |
Се внесува стадото/групата каде припаѓа животното |
|
|
Начин пристигање |
Се внесува начинот на доаѓање на животното на фармата, Купено или Родено. |
Локација |
Се внесува бр. на Вашата фарма |
Датум на пристигање |
Се внесува датумот на пристигање на животното на фарма |
Известување во ЦРГ |
Се внесува датумот кога сме го пријавиле животното во Централен регистар |
Претходен сопственик |
Се внесуваат податоци од претходниот сопственик |
Бр. документ |
Бројот на документот се генерира автоматски по внесна сите податоци и избор на Зачувај |
Датум документ |
Се внесува датум на документот. Може да биде датумот кога сме го купиле животното |
Цена |
Се внесува проценетата цена или цената по која е купено животното. |
Со клик на копчето
се отвора прозор за преместување на животните.

Вид на преместување |
Од паѓачкото мени се избира:
- Движење внатре во фармата
- Движење на/од саем
- Движење на/од пасиште
- Движење на/од планина
|
Датум на преместување |
Се впишува датумот кога животното сме го поместиле |
Групно поместување |
Доколку ја имаме означено опцијата за групно поместување, се отвора целиот список на животни. На списокот означуваме кои животни сакаме да ги поместиме групно. Доколку поместувањето се однесува само на едно животно тогас ова поле не се чекира. |
Моментален РБО |
Се внесува РБО од локацијата каде се наоѓа животното. |
Раса |
Доколку имаме повеќе раси на животни на фармата, и сакаме да поместиме само една раса, можеме од паѓачкото мени да избереме само една раса и ќе ни се генерира список на животни само од избраната раса. |
Нов РБО |
Се внесува РБО на новата локација каде сакаме да го преместиме животното. |
Име/Презиме/Назив |
Се внесува називот на РБО-то каде сакаме да го преместиме животното. |
Адреса |
Се внесува адресата на РБО-то каде сакаме да го преместиме животното. |
Пошта |
Се внесува поштата на РБО-то каде сакаме да го преместиме животното. |
Држава |
Се внесува државата на РБО-то каде сакаме да го преместиме животното. |
Со клик на копчето
, се отвора прозорец каде се внесуваат податоци за издвојување на животното.

Начин на издвојување |
Од паѓачкото мени може да се избере:
- Домашна кланица
- Заминување, друго
- Кланица
- Смрт
- Продажба
|
Датум на издвојување |
Се внесува датумот кога животното се издвојува |
Групна продажба |
Доколку сме ја означиле опцијата Групна продажба, се отвара список од сите животни. Од списокот се означуваат животните кои сакаме да ги продадеме. |
Со клик на копчето
, креираме картичка за животното.

ИБ жив. |
Се внесува ИД бројот кој животното го добило |
Ориентација |
Се впишува ориентацијата на животното: месна, млечна и размножување |
Дат. означување |
Се внесува датумот на означување |