Сериски броеви
Serial Numbers
Водењето евиденција за сериските броеви го одредува начинот на кој идентите се примаат или издаваат. Користењето на сериски броеви PANTHEON овозможува прецизно следење на движењата на поединечните артикли.
 |
За повеќе информации за водење на сериски броеви, видете ја темата Зошто сериски броеви? |
 |
Податоците за внесените сериски броеви (од нарачки и купување и издавање) НЕ се вклучени во овој панел се додека не се примени (не се на залиха)! |

СОДРЖИНА
- Достапни сериски броеви
- Водење сериски броеви
- Три основни статуси
- Три специјални методи што се користат при генерирање на сериски броеви
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
1. Достапни сериски броеви
Статус на сер. бр |
Со кликнување на ова копче можете да го освежите статусот на серискиот број на артикалот во сите магацини (видете статус на сер. бр). |
Складиште |
Прикажува во кое складиште се складирани сериските броеви. |
Сериски број на идентот |
Го прикажува серискиот број на артикалот (поединечен или серија). Не може да надминува 100 знаци. Можете да доделите сериски броеви од следниот тип: едноставни, нетранспарентни (видете доделување сериски броеви на серија и доделување сериски броеви за поединечни производи). Од друга страна, може да се состои од делови што прикажуваат на пример година на производство, датум на производство, боја, конфекциски број на производот итн. (видете пример за определување сериски број).
Можете да поставите метод што се користи за доделување сериски броеви во предлози за сериски броеви. |
Слободна |
Ако е означено, артиклот на кој му е доделен овој сериски број е на залиха. Тоа значи дека доколку артиклот е издаден (залихата е 0), полето нема да биде означено! |
Залиха |
Го прикажува бројот на артикли со овој сериски број. |
Рок на важење |
Доколку е означено, подолу ќе се прикаже поле што го прикажува периодот на важење на серискиот број |
Ако во базата на податоци постои ставка со сериски броеви и на сериските броеви е избран датум на доспевање, тогаш не е можно да се промени подесуванњето за датумот на доспевање.
Ако се обидеме да ја отстраниме подесуванјето, се појавува предупредување:

Можете да ја видите и историјата на сериските броеви (видете го извештајот) за моментално избраниот артикл. На овој начин можете да го видите и испечатите целото движење на секој сериски број или со други зборови можете да го следите напредокот во тоа како секој артикл бил примен, издаден, вратен на поправка или како е поднесена рекламација за него итн.
Водење сериски броеви
Внесете или изберете го методот што се користи за следење на сериски број во горниот дел. Можете да го промените тука или во панелот Општо.
Не можете да ја промените вредноста ако залихата е различна од нула!
На секоја ставка може да ѝ се доделат три основни статуси (за нив не е потребна врска до предлозите за сериски броеви) и три специјални статуси за кои треба да го одредите методот со кој се генерираат сериските броеви во регистарот Видови на производи или Предлози за сериски броеви.
Во панелот Општо изберете го методот за водење на сериски број.
Рок на важење |
Проверете го за да го одредите рокот на важење на секој од сериските броеви. |
Бр. на месеци |
Го прикажува бројот на месеци од рок на важење. Се додава на датумот на прием. Можете да го промените рокот на важење по приемот. |
3.Три основни статуси
Н-нема водење |
Водењето на сериските броеви не се води за производи од овој тип. Тие се примаат и издаваат по количина (на пр. број на количина или број на часови потребни за поправка на производот). |
С - еден сериски бр. е едно парче |
Секое парче има свој уникатен сериски број (на пр. број на шасија или број на мотор кај автомобили). |
K - еден сер. бр е повеќе парчиња (шаржа) |
За производи од овој тип важи дека се доставуваат во серии, што значи дека повеќе производи го делат истиот сериски број (на пр. повеќе парчиња/серии со лекови или прехранбени производи, каде што една серија може да вклучува, на пример, 100 парчиња). |
4.Три специјални методи што се користат при генерирање на сериски броеви
Три специјални методи за генерирање сериски броеви може да се најдат во предлозите за сериски броеви.
П- Производствени варијанти (серии) |
Секогаш кога користите сериски броеви на серии, можете да ги следите залихите по видот на производи. Тука можете да ја изберете колоната со која можете да ја дефинирате залихата на артикалот. Откако ќе го изберете типот П за следење на серискиот број, треба да го изберете соодветниот ID во Видот на производи. |
E - Составен сер. (едно парче) |
Исто како и со производите кои имаат статус на сериски број С -Еден сер. бр. е едно парче, за производите од овој тип важи тоа што секое парче доаѓа со свој уникатен сериски број. Сепак, можете да изберете како ќе се генерира серискиот број во Предлозите за сериски броеви. Можете исто така да поставите стандардни вредности. Откако ќе го изберете типот П за водење на серискиот број, треба да го изберете соодветниот ID во Предлозите за сериски броеви. |
O -Составени серии (серија) |
Исто како и со производите кои имаат статус на сериски број К еден сериски број е за повеќе парчиња (шаржа), за производите од овој тип важи тоа што секое парче доаѓа со свој уникатен сериски број. Сепак, можете да изберете како ќе се генерира серискиот број во Предлозите за сериски броеви. Откако ќе го изберете типот О за водење на серискиот број, треба да го изберете соодветниот ID во Предлозите за сериски броеви. |
 |
Користејќи го модулот за царинско складирање, серискиот број, кој е ист со бројот на приемниот документ и бројот на редот на документот, се доделува за секое примање или издавање! Мора да користите сериски броеви кога го користите модулот за Ре-експорт. |
 |
Можете да го одредите начинот на прикажување на користените и достапните сериски броеви во Администраторска конзола | Подесување | Материјално| Сериски броеви. |
 |
Методот на внесување или типот на сериски број може да се одреди на ниво на категорија во Основни податоци за идентот. |