Repost
Со прекнижување
Во пракса има ситуации кога отворените ставки, кои најчесто се затвораат преку рачното затворање, да бидат затворени со прекнижување.
Употребата на веќе постоечкото затворање на отворените ставки, каде се книжи само поврзаниот документ, а не се менува книжењето, одговара за оние документи и плаќања кои не биле поврзани на извод.
При затворањето на одобренија на купувачите ( негативни книжења на побарување) и фактура на купувач ( позитивно книжење на побарување) настанува проблем со датумот на валута. Во овој случај, потребно е рачно затварање на отворените ставки, како би можело издадената фактура да биде платена во денот на доспевање на одобрението. За оваа намена. при прекнижувањето може да се одбере со кој датум на доспевање ќе се затвори овој документ.
Поставките за затворање се избираат на идентичен начин како и кај основното рачно затворање на ставки ( погледнете Затварање- рачно). Во случај да износите не се еднакви, прекнижувањето се изведува во апсолутно најнискиот износ од двете страни. Разликата е во тоа што при прекнижувањето, се внесуваат дополнителни податоци за креирање на налогот за книжење.

Податоци кои се внесуваат при прекнижувањето се:
Tип на книжење |
Како и кај сите останати панели за автоматско книжење , и овде можат да се одбере креирање на нов налог или проклучување на веке постоечки. Доколку се креира нов налог, податоци кои се внесуваат се следните:
- Вид на документ: бројот на документ односно налогот за книжење од Шифрарникот на видови на документи.
- Датум на период: внес на датумот на период на налогот за книжење
- Датум на книжење: внес на датумот на книжење на налогот за книжење
|
За датумот на доспевање во позиција на налогот за книжење употреби: |
- Датум на периодичен налог за книжење - по прекнижувањето, налогот ќе биде затворен со валута, која ќе биде еднаква на датумот на период од главата на налогот за книжење. Оваа опција наоѓа примена, кога на пр. кај одобрението на купувач, доколку одобрението било издадено покасно поради вина на купувачот и потребно е на налогот за книжење да биде евидентирано отстапувањето од доспевањето на примената фактура до доспевањето на применото одобрение, заради пресметка на затезна камата ( погледнете Затварање со прекнижување - со датум на доспевање на документите)
- Датум на доспевање на документи - издадената фактура ќе биде затворена со датумот на доспевање на фактурата, а одобрението со датумот на доспевање на одобрението. Во полето "Датум на доспевање" се употрбува датумот на доспевање на документите кои ги завараме, а во сите останати датумски полиња датум на период од главата на налогот за книжење. Оваа опција наоѓе примена кога не е потребно да се пресметува затезна камата на така затворените документи ( За пример, погледнете Затворање со прекнижување )
При преглед на отворени ставки и при пресметка на камата, датумот на доспевање на документот од позицијата во налогот за книжење, дава информација за тоа кога книжењето било затворено.
Доколку се употребува првата опција, документот ќе биде затворен тогаш кога ќе биде книжено затварањето на авансот. Се употребува тогаш кога е потребно документот да биде затворен пред доспевање на побарувањето или обврската.
При употреба на втората опција, документот на контото на побарувања или обврски ќе биде затворен на истиот датум кога и доспева обврската или побарувањето кое се затвара. Се употребуа кога е потребно побарувањето или обврската да бидат затворени на истиот датум кога истите доспеваат.
|
Со кликање на копето
се означуваат позизиите за поврзување и за книжење во налогот за книжење, по претходно дефинирани критериуми. Програмот дополнително известува кога операцијата е успешно извршена ( погледнете Книжењето е успешно извршено, налог за книжење XXX)
Со кликање на копчето Потврди, се отвара налогот за книжење.
Пред да биде направено книжењето, се прават и дополнителни контроли на книжењето на секоја поединечна позиција во налогот за книжење. Контролата се изведува согласно поставките во Контниот план ( погледнете Грешки при контрола на Контниот план)
Погледнете поврзани примери: