 | Loading… |
|
|
Финансиски податоци
Финансиски податоци

Изјава
Tекст |
Внесете или изберете текст што ќе се прикаже во издадените фактури на тој партнер.
|
Годишна изјава |
По избор, може да се внесе број на нарачка или годишна изјава. |
Издадена на ден |
Внесете датум на издавање на годишната изјава. |
Контакт л. |
Внесете го лицето за контакт со кого комуницирате за наплата на долгот. Овој контакт, исто така, е прикажан на исписите на oтворени ставки. |
Податоци за плаќање
Лимит |
Внесете одобрен лимит за отворените ставки. Потоа во шифрарникот на Видови документи за издавање и нарачки поставете начин на работење со овие податоци. Со оглед на поставувањата во Параметри на програмот, програмот ке го провери износот на дозволениот лимит со доспеаните отворени ставки, или со сите (доспеани и недоспеани) ставки или, вредноста на веќе книжените отворени ставки ке ја додаде на вредноста на внесените и некнижени фактури на тој купувач. Ако тука се постави вредност -1 и, за тој документ е избрана опцијата да се проверува лимитот, при издавањето или внесување на нарачки програмот ке испише напомена од шифрарникот на партнери. Оваа опција е корисна во случај на лошо искуство со одреден купувач и сакаме да поставиме посебни барања при издавањето и прифаќање на налози.За детален опис погледнете контрола на издавање при отворени ставки кај купувачот.
|
Одобрен на ден |
Впишете датум на кој е одобрен лимитот. |
Рок на плаќање |
Внесете договорен број на денови за плаќање на побарувањата. |
Макс. денови на доцнење |
Внесете дозволени додатни денови за задоцнето плаќање. Ако купувачот го надмине договорениот број денови за плаќање, се појавува порака известувајќи дека купувачот има отворени побарувања. |
Контрола на лимитот |
Ако е одбрана оваа опција, во документите во кои се јавува партнерот се проверува лимитот на отворените ставки. Ако лимитот се надмине, програмот известува за ова и го покажува износот на надминувањето. |
Cassasconto
Број на денови |
Впишете го максималниот број на денови за плаќање, по издавањето на сметката, во кои купувачот има право на cassacsonto. |
Proc. cassasconta |
Внесете го процентот на cassasconto.
Можат да се внесат повеќе редови во случај да се доделени повеќе проценти на cassasconto за различни периоди.
За повеќе информации видете го примерот! |
Гаранција - Примени

Тип |
Можни типови на гаранција се:
- меница
- извршување
- банкарска гаранција
- акредитив
|
Статус |
Статусот на гаранцијата може да биде:
- вреднувана
- протестирана
- вратена
- доспеана
- отворена
|
Датум на издавање |
Го внесуваме датумот на издавање на гаранцијата.
|
Датум на доспевање |
Го внесуваме датумот на доспевање на гаранцијата. |
Напомена |
Внесете евентуална напомена. |
Вредност |
Се впишува вредноста на гаранцијата. |
Документ |
Бројот на документот може да се одбере од листата на издадени фактури или внесуваме некој друг број. |
Обр. мер. |
Се одбира вид на каматна стапка од шифрарникот на каматни стапки. |
TRR-i |
Може да се избере од внесените трансакциски сметки за избраниот купувач. |
Книговодствена состојба
Овој панел дава информации за книговодствените податоци на партнерот. Програмот ги испишува податоците од контата на партнерот, како што се отворените ставки на купувачот и добавувачот и, структурата на отворените ставки. Исто така, овозможува испис на конто картица и преглед на отворените ставки.
Панелот книговодствена состојба овозможува детална анализа на отворените ставки. Програмот ја пресметува и ја прикажува финансиската дисциплина на партнерот односно, динамиката на паричните текови во минатото и иднината. Со оглед на периодот, дефиниран во исписот на структура на отворените ставки, програмот го испишува следново:
 |
Имајќи во предвид дека со еден преглед можеме да ја видиме состојбата на партнерот кога има улога на купувач или добавувач, можеме брзо да ги прегледаме податоците за компензација во случај кога партнерот се јавува во двојна улога. |
Побарувања | Купувач
Доспеано |
Го прикажува износот на сите неплатени доспеани ставки на купувачот. |
Отворено |
Го прикажува износот на сите неплатени отворени ставки на купувачот. |
Почетна состојба |
Ја покажува почетната состојба на купувачот од датумот на отварање на главната книга па натаму (погледнете и: конто картица). |
Промет во пер. |
Ја прикажува вредноста на целокупниот промет на купувачот од датумот на отварање на главната книга па натаму (погледнете и: конто картица). |
Конта |
Список на конта каде што бараме податоци за отворени ставки.
Исписот на конта (САМО ПРИ ПРВОТО КОРИСТЕЊЕ) може да се дефинира во Параметри на програмот (Параметри на програмот | Финансии | Основни податоци) во Администраторска Конзола. Списокот може да се скрати (со бришење на одредена конто шифра) или да се прошири(со додавање на ново конто во следниот ред). Така проширениот испис ќе се зачува и ќе биде достапен за следниот преглед на состојбата.
Ако сакаме да го користиме САМО ПРВОТО конто од параметрите, избришете ги СИТЕ конта во тоа поле, затворете го прозорот за преглед на книговодствената состојба и отворете го повторно. Дополнителни конта можат да бидат повторно внесени рачно.
|
Конто картица |
Кликнете овде за да се испише конто картицата на купувачот. |
Oтворени ставки |
Кликнете овде да се покажат отворените ставки на купувачот..
Ако во подесувањата во Администраторска Конзола во полето Конта има повеќе конта, прегледот на отворените ставки ќе биде испишан само за првото конто!
|
Наплата |
Кликнете овде за да се отвори образецот за наплата. |
По валута |
Кликнете овде да се отвори прозорец за приказ на побарувањата по различни валути. |
Доспеани побарувања |
Овде можете да ги погледнете износите на доспеаните отворени ставки по периоди (на пр. целосниот износ на побарувања во период од последната недела, а купувачот не ги платил). |
Сеуште недоспеани побарувања |
Овде можете да ги погледнете недоспеаните побарувања, кои ќе доспеат во одреден период (на пр. фактури кои што треба да се платат во следните 7-14 дена). |
Севкупно |
Покажан е целокупниот износ на неплатени ставки (доспеани и недоспеани). |
Обврски | Добавувач
Доспеано |
Го прикажува износот на сите неплатени доспеани ставки на добавувачот. |
Oтворено |
Го прикажува износот на сите неплатени отворени ставки на добавувачот. |
Почетна состојба |
Ја покажува почетната состојба на добавувачот од датумот на отварање на главната книга па натаму (погледнете и: конто картица). |
Промет во пер. |
Ја прикажува вредноста на целокупниот промет на добавувачот од датумот на отварање на главната книга па натаму (погледнете и: конто картица). |
Конта |
Овде се прикажани конта коишто содржат отворени ставки.
Исписот на конта (САМО ПРИ ПРВОТО КОРИСТЕЊЕ) може да се дефинира во Пaраметри на Програмот (Параметри на програмот | Финансии | Основни податоци)во Администраторска Конзола. Списокот може да се скрати (со бришење на одредена конто шифра) или да се прошири(со додавање на ново конто во следниот ред). Така проширениот испис ќе се зачува и ќе биде достапен за следниот преглед на состојбата.
Ако сакаме да го користиме САМО ПРВОТО конто од параметрите, избришете ги СИТЕ конта во тоа поле, затворете го прозорот за преглед на книговодствената состојба и отворете го повторно. Дополнителни конта можат да бидат повторно внесени рачно.
|
Конто картица |
Кликнете овде за да се испише конто картица на добавувачот. |
Отворени ставки |
Кликнете овде да се покажат oтворени ставки на добавувачот. Ако во полето Конта има повеќе конта, прегледот на отворените ставки ќе биде испишан само за првото конто ! |
Пресметка |
Доколку избришете или додадете нови конта, кликнете Пресметка за да се покаже новата состојба на партнерот. |
Доспеани обврски |
Овде можете да ги погледнете износите на доспеаните отворени ставки по периоди, кои ги создаваат доспеаните обврски што ги имаме кон добавувачот во тој период (на пр. целосниот износ на побарувања во период од последната недела, кои не биле платени на добавувачот). |
Сеуште недоспеани обврски |
Овде можете да ги погледнете износите на недоспеаните отворени ставки по периоди, кои ги создаваат обврските што ги имаме кон добавувачот (на пр. фактури на добавувачот што ќе доспеат во следните 1-6 дена). |
Севкупно |
Покажан е целокупниот износ на неплатени ставки (доспеани и недоспеани), кои ги има партнерот како добавувач. |
 | Loading… |
 | Loading… |
|
|
|