Новости

23

Групацијата ДАТАЛАБ оваа година прославува 15 години постоење. По тој повод ја организираме традиционалната PanCon - Конференцијата, која на 05.09.2012 година ќе се одржи во “ЕRA CITY” -Скопски саем. На оваа конференција ќе се најдат на едно место корисниците на деловниот софтвер Pantheon, фирмите кои со своите консултанти го имплементираат оваа деловно решение како и други консултанти и соработници на Даталаб. Дел од предавањата ќе бидат и од македонските универзитети на кои Pantheon е дел од образовниот процес на студентите.

Конференцијата е обележана со предавања на домашни и странски консултанти од областа на деловен софтвер. Ова ќе биде извонредна прилика да се видат новитетите кои ги нуди деловниот софтвер Pantheon, како и искуствата од пракса од успешни имплементации во Македонија.

Конференцијата ќе биде извонредна можност да се видат новитетите во деловниот софтвер, трендовите за развој на ERP продукти, но и да се чујат интересни академски предавања поврзани со Е-Бизнис.

Localization: MK
DL WebSites: MainSite
Posted in: Dogodki

Comments

There are currently no comments, be the first to post one!

Post Comment

Only registered users may post comments.

Add Content...