News

07

PANTHEON конференцијата е најважен деловно-едукативен настан на Даталаб, на која годишно присуствуваат повеќе од двесте претставници на компании од Словенија.
На конференциите присуствуваат најдобрите Даталабовци и гостите кои се експерти од различни области  - оваа година беа 49! На разбирлив и интересен начин на сите посетители им беа пренесени новостите и знаењата од различни области на PANTHEON и корисни примери од пракса.

Исто така, на овогодинешната 6.PANTHEON конференција, која се одржа во хотелот “Golf“ на Блед, подготвивме разновидна програма. Конференцијата традиционално ја отвори извршниот директор на Даталаб Технологии, Андреј Мертељ. Заедно со учесниците ги претстави најзначајните подобрувања во изминатата година, вклучувајќи ја и новата страна за корисници и ширењето на онлајн заедницата, како и интересни и корисни новости од областа на поединечни модули како што се: финансии, кадри и плати, материјално, производство, ПОС, деловна аналитика ZEUS итн...

Почесен гостин на конференцијата беше еден од најголемите и најугледни претприемачи како и амбасадор на словенечката култура, господинот Јанез Шкрабец, сопственик и директор на компанијата “Riko“. Во интересен разговор, Формулата за успех во меѓународното работење, ја претстави уредничката на ноќната програма “Vala 202“, Катја Чернела.

Во продолжението Даталабовците подготвија бројни предавања за поединечни области од работењето со PANTHEON за сите свои корисници, а паралелно беа одржани интересни предавања од страна на гостите кои се експерти од различни области. Меѓу нив беше и телевизискиот водител и советник за медиуми, Сашо Еинсиедлер, кој зборуваше за успешната комуникација, како и Наташа Товорник, експерт за банкарско и деловно советување, која подготви презентација за препознавање на основните типови на човечката личност и прилагодување на личната и деловна комуникација.

И за крај: почитувани учесници на конференцијата, членови на PANTHEON групацијата, чест ни е што бевте со нас и уште повеќе се радуваме на нашата следна средба! :-)
 

Localization: MK
DL WebSites
Posted in: Dogodki

Comments

There are currently no comments, be the first to post one!

Post Comment

Only registered users may post comments.

Add Content...