EMATOS posted on август 25, 2011 14:57

Кој е Павле Зимбаков и како тој ќе го збогати нашето знање и искуство во Бизнис Енциклопедијата?
Павле Зимбаков е роден на 10 Август 1976 година. Моментално е магистрант на после дипломските студии за Менаџмент на Човечки ресурси на државниот универзитет Св. Кирил и Методи, при институтот за Политичко правни истражувања.
Својата кариера ја започнува веднаш после студентските денови континуирано во компании кои се еминентни на македонското поднебје. Последното работно искуство го бележи како генерален менаџер на еден од најдобрите Бизнис Тренинг Центри кој го издигна на пиедестал меѓу тренинг центрите во земјата. Со текот на искуството во работењето, менаџирањето на сектори и компании се истакнува како еден од најдобрите бизнис тренери во Македонија за областите од продажба, комуникациски вештини и презентациски вештини како и креатор на тренинг програми за најголемите компании во Македонија.
Во 2009 година се стекнува со титулата единствен лиценциран менаџмент консултатнт за трансформација на компании во Македонија по IIOSS Japan методологијата за менаџмент. Од 2010 година е член на управен одбор на Македонска Асоцијација за Човечки Ресурси!
Досега има креирано и одржано тренинзи за повеќе еминентни компании во Македонија со странски и домашан капитал.
На кои теми Павле Зимбаков ќе го сподели своето искуство со нас, на Страната за корисници на PANTHEON?
- Карактеристики на добри лидери;
- Улоги и функции на лидери;
- Менаџмент;
- Видови на управување;
- Составот на тимот;
- Мотивација;
- Развој на тимот;
- Управување;
- Организација на работата;
- Професионализам и етика
Прочитајте ја ТУКА првата статија на Павле Зимбаков!

Тел.: +389 72 315 315
E: pavle.zimbakov@gmx.us;
Skype: pavle.zimbakov
Localization: MK
DL WebSites: