Поставки во Администраторска конзола
Settings in Administration Panel
Во ова поглавје се прикажани најважните поставки за исписи во Администраторската конзола што влијаат на многу исписи. Дополнително, постојат и специјални поставки за поединечни исписи.
Општи поставки
Во Администраторската конзола која е во мени 'Подесувања| Програм | Администраторска конзола', во менито Подесувања, може да се најдат поставки што одредеуваат како ќе се прикажат податоците во стандардно заглавје (прикажано на сликата).

Поставките се:
- Приказ на датум и време на испис дефинира датум и време на генерирање и приказ на исписот.
- Приказ на корисник на испис дефинира дали да се прикаже ИД на корисникот кој го креирал исписот.
- Приказ на претпријатие на испис дефинира дали да се прикаже претпријатие во заглавје на испис.
- Користи ист испис како минатиот пат дефинира дали ист тип на испис ќе се генерира како минатиот пат. Доколку не, се генерира предефиниран испис.
- Информации за претпријатие на испис дефинира редослед на приказ на информации за наше претпријатие и кои информации ќе се прикажат во заглавјето. Податоците се прикажуваат само доколку е избран параметарот Испис на наше претпријатие на пресметки.
- Редослед на испис на субјекти дефинира кои информации се прикажани во заглавјето за нашето претпријатие за избран субјект како критериум за преглед.
- Приказ на број и назив на исписот дефинира дали бројот и називот на исписот се прикажани на исписот.
- Приказ на број на испис во долен лев агол дефинира бројот на исписот е прикажан во долниот лев агол. Поставката се однесува за сите исписи.
- Извоз на исписи во ПДФ опција за ПДФ формат со подобрена интеграција за фонтови во извезените фајлови. Се вклучуваат само карактери наместо цела група на фонтови. Ова значително ја намалува фолемината на фајловите. Поставката се однесува на целиот програм и сите корисници.
Текстови на документи
Постојат дополнителни поставки за документите што дефинираат податоци кои се прикажуваат на исписите. Одете на панелот in Administration panel to the Подесувања | Претпријатие | Текстови на документи.
 |
Овие поставки, освен логото на претпријатието, не се прикажуваат во документите во модулот Кадри. Нема посебни поставки за модулот Кадри. |

Текстови на документи - опис
Во прозорецот Напомена на документи (3 реда) може да се дефинира забелешка која се прикажува во горниот десен агол на документите.

Во панелот Логотип се избира слика што ќе се прикажува на документите.

Испиши префикс на држава дефинира во кој случај се прикажува префиксот на државата пред даночниот број.

Редослед на испис на адреси дефинира распоред на приказ на адресите на партнерот на прегледот.

Карактер за премин во нова линија е (;). Текстот напишан со (") е прикажан како што се појавува редоследот на испис на адреси.
За назив на субјектот се користи Назив2 дефинира кои податоци на субјектот ќе се прикажат на исписот, ИД (Име) или Назив 2. Доколку е избрана оваа опција се прикажува шифрата на субјектот и Назив 2 како описно име.

Информациите за субјектот што може да бидат прикажани на заглавјето на документот се:
Име на плето |
Опис |
acContact |
Контакт особа на документ, нема значење кога не е дефинирана. |
acSubject |
Име на субјект. |
acName2 |
Назив2 на субјект. |
acName3 |
Назив3 на субјект. |
acAddress |
Адреса. |
acPost |
Поштенски код и земја. |
acCode |
Даночен број. |
acPhone |
Број на телефон. |
acFax |
Број на факс. |
acCountry |
Држава. |
AddressPost |
Адреса, пошта и поштенски код. Доколку има простор на линијата, инаку во два реда. |
PhoneFax |
Број на телефон и факс во иста линија. |
Имињата на полињата во табелата може да се запишат и без префиксот "ac". Ако сакате да вметнете фиксен текст пред да се прикажат податоците од соодветното поле, го дефинираме после името на полето и се внесува со двојни наводници.
Истите податоци, освен контакт особата, исто така може да се користат во Редослед на испис на адреси и на Редослед на испис на субјектите на испис.