Конто |
Внес на контото, за кое сакате да биде изгенериран извештајот |
Ранг на конто |
Доколку сакате да генерирате извештај од составен од повеќе конта, го селектирате коплето за ранг |
Противконто |
Дополнително конто. Извештајот за конто картица може да биде опфати:
- Две конта- пр. сакате да имате увид во обврските на одреден субјект на конто 2200 меѓутоа истовремено сакате увид во претплатите на конто 1300. Во оој случај не го селектирате полето за ранг
- Специфичен ранг на конта- пр, имате потреба од извештај кој ги опфаќа сите книжења на конто 4000 до конто 49999. Во тој случај го селектирате копчето за ранг.
|
Партнер |
Доколку сакате Извештајот да биде ограничен на конкретен субјект, овде го внесувате истото |
Оддел |
Внес на оддел употребен во позицијата на налогот за книжење |
Носител на трошок |
Внес на носител на трошок употребен во позицијата на налогот за книжење |
Период на книжење од |
Извештајот може да биде ограничен на одреден период, во кој што книжењето било направено ( датум од главата на налогот за книжење) Датумот внесен по дифолт е датум еден ден претходно од датумот на отварање на главната книга во адм. конзола ( Погледенете Конто картица- дополнително објаснување)
Во Годишниот извештај за конта и субјекти- аналитика од датум како критериум се користи датумот на книжење, додека пак употребата на било кој датум како креитериум е оневозможен."Датум до " од книжењето е секогаш датумот на последниот отворен налог за книжење . Во спротивно, IRIS предупредувачка порака е испишана на екранот.
|
Период на книжење до |
Извештајот може да биде ограничен на одреден период , во кој што книжењето било направено ( датум од главата на налогот за книжење) |
Документ од |
Извештајот може да биде ограничен на одреден датум, поточно период во кој е направен одреден документ (од позициите на налогот за книжење) |
Документ до |
Извештајот може да биде ограничен на одреден датум, поточно период во кој е направен одреден документ ( од позициите во налогот за книжење) |
ДДВ од |
Извештајот може да биде ограничен на одреден ДДВ период ( од позициите на налогот за книжење) |
ДДВ до |
Извештајот може да биде ограничен на одреден ДДВ период ( од позициите на налогот за книжење) |
Доспева од |
Извештајот може да биде ограничен на одреден датум на доспевање ( од позициите на налогот за книжење) |
Доспева до |
Извештајот може да биде ограничен на одреден датум на доспевање ( од позициите на налогот за книжење) |
Документ |
Извештајот може да биде ограничен на одреден документ. За полесно пребарување, на располагање ги имате специјалните карактери во PANTHEON. Така на пр. доколку внесете 2019% ке ги добиете сите документи од 2020та година, со вид на документ 19 |
Врзан документ |
Извештајот може да биде ограничен на одреден врзан документ |
Референт |
Извештајот може да биде ограничен на одреден референт кој го направил книжењето во налогот за книжење и чие корисничко име е внесено во главата на налогот на книжење |
Валута |
Извештајот може да биде ограничен на одредена валута употребена во главата на налогот за книжење. Доколку ова поле го оставите празно, тогаш извештајот кој ќе го добиете ќе ги опфати сите валути. |
Напомена |
Извештајот може да биде ограничен на напомена од книжењето. Во овој случај, за полесно пребарување на документи, на располагање Ви се посебните карактери во PANTHEON |
Износ |
Овде се одбира за која валута да биде изработен извештајот за конто картица:
- Во примарна валута – Извештајот за конто картица е направен во примарна валута,согласно валутата во која книжењето било направено.
- Девизно – Извештајот за конто картица е направен во странска валута
|
Вид на испис |
Го одбирате форматот на испис во кој сакате да бидат прикажани податоците. Како што е прикажано на сликата, можете да искористите некој од исписте кои системски постојат во програмот.:
|