Additional Journal Entry Fields for Foreign Currency Posts
Дополнителни полиња за девизни книжења
Доколку во контниот план сте дефинирале дека контото е девизно, или доколку сте ја избрале опцијата на зададеното конто да е дозволено книжење во домашна и девизна валута (тип на книжење: N или Т), во тој случај при книжење на ваквото конто, на раполагање ви се дополнителни полиња кои се достапни само за девизни книжења. Доколку контото е означено само за книжења во домашна валута, овие полиња се видливи но неможе да бидат менувани.

Валута |
Шифрата на валутата на која ќе го извршиме книжењето. При автоматското книжење на влезни или излезни фактури, овој податок се повлекува автоматски од докуметот.
Кратенка на тастатура:  
|
Курс |
Курс кој што се користи за калкулација од странска валута во локална валута. Во автоматското книжење на влезни и излезни фактури, овој податок се повлекува од самиот документ. Курсот на одредена валута може да биде внесен во курсната листа на Народна Банка која што е подесена како банка ценовник.
Со двојно кликање на ова поле, директно ќе ви се отвори курсната листа од Банката во шифрарникот на партнери.
|
Должи |
Износ во валута на страна Должи. |
Побарува |
Износ во валута на страна Побарува. |
Сите овие колони се сокриени. Со додавање на колоните во конкретните Налози за книжење, Програмот ги меморира истите. Пример:

Со вне на валута и девизен курс, како и износ во валута, сите останати колони за вредност во денари се пополнуваат автоматски.
Погледнете: