Креирање на ново складиште
За да се олесни логистиката и да се одржи подобар преглед на деловното работење, компаниите користат неколку складишта со различни видови на артикли. Ново складиште обично се создава кога компанијата сака да има неколку посебни складишта за стоки. Ова поглавје претставува пример за тоа како да се создаде ново складиште во PANTHEON.
 |
опис на примерот
Марко Магацин, менаџер на Текта складишта, сака да создаде ново складиште и да го именува Складиште БАР. Овој магацин ќе се користи за стоката на внатрешен бар Текта, затоа е неопходно да се постави документ за издавање 3210 – ПОС БАР. Ова се прави на следниов начин:
- Креирање ново складиште
- Подесување на складиште
- Подесување на сладиште на документот за издавање
|
1. Креирање ново складиште
Во PANTHEON складиштата се уредуваат во Шифрарникот на партнери. За отварање на ново складиште, одговорната личност најпрвин го отвара шифрарникот на партнери.
- Од менито избира Подесувања | Партнери | Партнери или од тастатурата на копчето F11.

 |
совет
Можете брзо да го отворите шифрарникот на партнери со двоен клик на името на партнерот во кој било документ во PANTHEON.
|

- Одговорното лице почнува да ги внесува основните податоци. Во полињата Шифра, Назив2 и Назив3 се внесува саканото име и опис на складиштето: Складиште БАР.
- Опционално, Адресата, Поштенскиот број како и останатите податоци за складиштето може да се внесат.

- Во панелот Основни податоци, полето за избор Складиште се означува. Ова го категоризира партнерот како складиште во шифрарникот на партнери.

- Со клик на копчето
(Сними промени) во лентата со алатки се зачувува новото складиште. Потоа, одговорното лице ги дефинира подесувањата на новото складиште.
 |
внимание
Ако полето за избор Складиште во шифрарникот на партнери не е означено, оваа складиште нема да биде достапено при креирање документи во PANTHEON.
|
2. Подесување на складиште
Во вториот чекор, одговорното лице сака да ги дефинира подесувањата за новоотвореното Складиште БАР. Тие се наоѓаат на панелот Складиште во шифрарникот на партнери.
-
Шифрарникот на партнери се отвара преку Подесувања | Партнери | Партнери
-
Одговорната личност, потоа, клика на
(три точки) во лентата со алатки и почнува да пишува „склад“ за да го стесни множеството партнери во шифрарникот и потоа го избира Складиште БАР со кликнување на него.

-
Напредните поставки за складиште се отвораат со кликнување на полето за избор Складиште (
).
-
Одговорното лице би сакало да има водење на залихи во оваа складиште, така што одговорното лице го селектира полето за избор Водење на залихи.
- Помеѓу неколкуте достапни методи за вреднување на залихи во PANTHEON, одговорното лице одлучува да го избере следниот метод од паѓачката листа: Н - Просечни набавни цени.
-
Бидејќи одговорното лице исто така би сакало да има преглед на слободната залиха полето за избор Прикажи во исписите слободна залиха е штиклирано.
-
Одговорното лице исто така ги селектира полињата Книжење по малопродажни цени и Дозволи негативна залиха.
 |
совет
Можете да најдете описи на сите подесувања во поглавјето Складиште.
|
- За да го користите складиштето копчето Активен мора да биде селектирано во делот Статус. Овој статус автоматски се доделува кога партнерот е креиран.

- Со кликнање на копчето
(Сними промени) одговорното лице ги зачувува сите промени и продолжува со поставување на новото складиште на документот за издавање.
3. Подесување на складиште на документот за издавање
За издавање стоки во барот на Текта, одговорното лице сака да го постави Складиште БАР како складиште за издавање. За фактури ќе се користи издавачкиот документ 3210 – ПОС БАР.
-
Одговорната личност избира од менито Подесувања | Програм | Видови документи. Се отвара Шифрарник на видови документи.
-
Во левиот панел избира Материјално | ПОС
-
Во лентата со алатки, стрелките се користат за избор на документот: 3210 – ПОС БАР.

-
Во панелот Пренос на мат. податоци во полето Издавач се избира Складиште БАР од паѓачкото мени.
-
Со клик на копчето
(Сними промени) ,од лентата со алатки, се зачувуваат промените.

Сега, документот е подготвен за употреба при издавање на стоки од Складиште БАР. Ова го комплетира процесот на креирање и поставување на ново складиште.