Полиња по желба
|
Можете да дефинирате полиња по желба во Администраторска конзола | Подесувања | Параметри на програмот | Кадри | Плата | Полиња по желба | Персонална Мапа. Програмот ќе ги прикаже само оние полиња кои ќе ги дефинирате (или именувате) во параметрите на програмот. За брз пристап до параметрите на програмот кликнете на копчето кое се наоѓа во панелот Полиња по желба .
Полињата 2, 8 и 9 можат се резервирани за работа на програмот: во нив се наоѓаат факторите врз основа на кои програмот прави пресметка на плата зависно од работниот стаж пред вработување во вашето претпријатие, по вработување во вашето претпријатие и процентот кој ќе биде доделен за тој работен стаж. Полето 8 се користи како фактор на работен стаж пред вработување во вашето претпријатие, полето 9 се користи како фактор на работен стаж по вработување во вашето претпријатие и полето 2 е сума на претходните 2.
Полињата 17, 18, 19 и 20 се користат само за пресметка на основата и индексите за валоризација на исплата на надоместоци.
Во формулите за пресметка овие полиња можете да ги најдете како #Del01#, #Del02#,... #Del27#.
|