Customs
Царини
Врз основа на матрицата во шифрарникот Видови на документи, каде што ги дефинирате дебитната и кредитната страна на контата за книжење на документите од модулот Царински складишта , може да ја стартувате постапката за автоматско книжење на царинските документи .
 |
По дифолт програмот ги понудува сите видови на документи од типот Царини освен дополнителни ЕЦД или царински пријави кои не влијаат врз состојбата на царинските складишта , ниту материјално, ниту вредносно . |
 |
Видовите документи од типот Само евиденција не се понудени за автоматско книжење! |
Видови на документи |
ЗАДОЛЖИТЕЛНО изберете го видот на документот , врз основа на кој се раскнижува . |
Датум на документ (од-до) |
Листата со документи може да биде ограничена во однос на датумот на внес на документот (од-до). |
Добавувач |
Листата на документи за книжење може да биде ограничена на поединечен добавувач . |
Статус на документ |
- Не книжени – го означувате, ако сакате да книжите сметки кои не се прокнижени сеуште
- Книжени – го означувате, ако сакате приказ на листата со прокнижени документи, или ако сакате повторно да ги книжите истите сметки ( да го корегирате книжењето ). Во тој случај првичниот налог за книжење се менува или модифицира соодветно .
|
Означи |
Со клик на ова копче се прикажува документот за книжење . |
Книжење |
По соодветното ограничување на листата со документи за книжење, продолжувате со постапката за книжење со клик на копчето Книжење. Се отвара прозорецот за книжење на царини . |
Поврзани теми: