Вид на документ |
ОБАВЕЗНО изберете го видот на документот за трансакциите ( налозите) каде што имате книжно одобрение и задолжение . |
Конто |
Изберете број на девизното конто, за кое сакате да утврдите и книжите курсни разлики . |
Субјект |
Може да го ограничите затворањето на одреден документ ( купувач или добавувач ). |
Документ |
Може да го ограничите затворањето во однос на податоците од полето Документ во позицијата на налогот за книжење . |
Врзан документ |
Може да го ограничите затворањето во согласност со податоците од врзниот документ во позицијата на налогот за книжење . |
Валута |
Може да го ограничите затворањето на одредена валута во која е книжено . |
Книжено од |
Може да го ограничите затворањето во однос на почетниот датум на периодот, во текот на кој документот бил прокнижен ( од-до). |
(Книжено) до |
Може да го ограничите затворањето во однос на крајниот датум на периодот , во текот на кој документот бил прокнижен ( од-до ). |
Доспевање (од- до) |
Може да го ограничите затворањето во однос на датумот на доспевање на документот (од-до). |
Документ од |
Може да го ограничите затворањето во однос на почетниот датум на документот од позицијата на налогот за книжење (од-до). |
(Документ) до |
Може да го ограничите затворањето во однос на крајниот датум на документот од позицијата на налогот за книжење (од-до). |
Противконто на курсните |
ОБАВЕЗНО внесете го контото за книжење на позитивните и негативните курсни разлики |
Позитивни |
Конто за книжење на позитивни курсни разлики. Го внесувате при прво книжење. Задолжително внесете го ова конто, во спротивно програмот ќе јави грешка во книжењето (види контото за позитивни/негативни курсни разлики мора да биде одредено !). |
Негативни |
Конто за книжење на негативни курсни разлики. Го внесувате при прво книжење. Задолжително внесете го ова конто, бидејќи во спротивно програмот ќе јави грешка во книжењето (види контото за позитивни/негативни курсни разлики мора да биде одредено !). |
Салда конта |
Го означувате ова конто , доколку сакате да ги утврдите курсните разлики кај салда контата ( купувачи, добавувачи...). |
Датум за отвoрање |
Датумот кога програмот треба да го побара девизниот курс за пресметка на курсни разлики во отворените документи. Се користи само при пресметка на курсните разлики во отворените документи (види Книжење на курсни разлики во отворените документи ). Користете ја листата со курсни разлики која е дефинирана во програмски параметри како девизен курс на НБ . |
Вид на пресметки |
Избери , дали ќе бидат пресметани курсни разлики за побарувања (Купувач) или за обврски (Добавувач) . Ако се работи за салда конта, тој податок го нуди самиот програм автоматски . |
Статус на документот |
Избирате, дали ќе ги затворите:
- Отворени – отворените сметки, тоа се, оние, кои за вредноста на странската валута не се сеуште затворени . Курсните разлики во овој случај се пресметуваат само на крајот од фискалната година.
- Затворени – затворени документи, тоа се, оние чии девизни вредности се затворени .
- Сите - ги избирате сите документи .
|
Избери |
По изборот на соодветните рестриктивни критериуми, за да продолжите со постапката кликнете на копчето Избери. Програмот пресметува во кои документи во однос на информациите за прокнижениот и исплатениот износ ќе настанат курсни разлики и го отвора прозорец за книжење на курсни разлики . |