Вовед во PANTHEON Фармање



При влез во програмата се отвора образец Преглед на состојбата и настаните, кој всушност е календар , во кој се забележани сите настани, кои ќе се одвиваат во наредните денови. Календарот е наменет за преглед на настаните, така што корисникот не треба да проверува секое животно посебно, бидејќи во календарот се прикажани предвидените датуми за осеменување, телење итн. При клик на настанот во календарот се отвора картичка на животното, каде што можеме да ги видиме сите понатамошни детали. Покрај настаните, кои се автоматски внесуваат во календарот од програмата, можеме да внесеме и свои задачи, состаноци итн. По желба, автоматското отворање на календарот при стартување на програмата исто така може да се исклучи.
 |
УПРАТСТВО
Во календарот моментално се запишуваат само податоци за настани, кои ќе се случат во иднината. Податоците за минатото се бришат од календарот, освен оние настани, кои рачно сме ги внесле во календарот.
|
Горниот дел на календарот е наменет за увид во состојбата на земјоделското стопанство, каде што е видливо, колку животни се во производство, во сушење или во карантина.