Report
Извештај за грешки
Со кликање на иконата за принтање на лентата со алатки, се добива увид во Грешките кои се настанати при автоматското книжење и истиот овој извештај може да се испринта.
Како ќе бидат податоците во Извештајот прикажани, зависи од внесот на параметри согласно кои ќе се филтрираат податоците.
- Со селектирање на Видот на документ
- Со одбирање на опцијата детално по документи
 |
Доколку контата за раскнижување на материјалите, не се поставени во видот на документот, тогаш контото нема да биде опфатено во извештајот и со самото тоа, раскнижување нема да биде направено. Затоа, поставувањето на конта за раскнижување на материјали во Шифрарникот на видови на документи е неопходен чекор за едно успешно книжење. |
 |
Книжењето на материјално среддство не е направено за конкретниот книговодствен вид. |
 |
За одредени карактеристики на книжењето по малопродажни цени погледнете Книжење по малопродажни цени. |