Pay Slips
Видови пресметки
Во панелот Видови пресметки можете да подесите за секој индивидуален работник, во кој документ за пресметка на плата ќе биде прикажан. На овој начин, можете да изберете документ за Авторски хонорар само за вработените на кои им исплаќаме авторски хонорар.
Во овој панел ги има следните полиња за дефинирање:

Видови на документи |
Во ова поле од листа се избира видот на документ за пресметка, во кој ќе биде прикажан работникот.
|
Назив на документ |
Во ова поле програмот автоматски ќе го прикаже името на документот, кој го имате изберено во полето Видови на документи.
|
Период од |
Во ова поле го избираме периодот за кој ќе ни се појави работникот во одреден документ за пресметка на плата. Можете и рачно да го промените со внес на период во кој треба да се појави вработениот при пресметка. Пример доколку вработениот е вработен на 21/02/2019 во овој дел треба да се внесе период 2019-02
|
Период до
|
Иста така можете да го подесите крајниот период за кој ќе се појави работникот во пресметката. |
Вид на заработка
Можете да дефинирате и задолжителна заработка за секој вид на пресметка.
На овој начин, програмот ќе ја пополни секоја пресметка за работникот со избраните видови заработка. Прво ќе провери дали одреден тип на заработка е веќе внесен во согласност со избраните критериуми - во претходната пресметка. Доколку не е, програмот ќе ги внесе позициите во пресметка за индивидуален работник. Доколку имате внесено Вид на заработка, а немате внесено Вид на документ програмот ќе јави: Пред внесот на видот на заработка, потребно е да се внесе видот на документ и период.
 |
Во полињата Период од/Период до програмот ќе ви дозволи да внесете само периоди кои претходно сте ги внеле во Шифрарник на просечни плати! |
 |
Доколку сте направиле пресметка на плата за одреден вработен, програмот нема да ви дозволи да го смените периодот.
|