Заглавје на пресметката
Header
Заглавјето ги содржи основните податоци за платата и функциите.
Општо
Пресметка |
Последователен број на пресметката, генериран автоматски од програмот. Двоен клик на ова поле го отвара шифрарникот на Видови документи. |
Период |
Периодот за кој сакате да креирате пресметка (година и месец). |
Индекс |
Вредност на индексот за пресметка. На ова поле се повикуваме во формулите за пресметка, преку варијаблата #Indeks#
|
Датум на исплата |
Датум на исплата. Задолжително поле затоа што влијае на исписот на разни обрасци. |
Датум на пресметка |
Датум на пресметка. Автоматски се пополнува тековниот датум но, може да се промени.
Ако внесете датум поголем или помал од датумот на отварање и затварање на главната книга, програмот ќе јави грешка:
|
Датум на ДДВ |
Датум на пресметка на данок (предефинирано ист како датумот на пресметка). Се користи само во извештаи (за повеќе информации погледнете Извештај за доход). |
Пресметани
|
Со потврдување на ова поле, во подготовката на пресметката се прикажани само оние вработени за кои е направена пресметката. Прекинувачот му овозможува на корисникот лесно да пребарува меѓу вработените за кои е направена пресметка. |
Дневник |
Доколку е означена опцијата, програмот ќе креира дневник за оваа пресметка. Откако е пуштена премсетката, прорамот ќе креира фајл во XML формат кој ќе ги содржи сите варијабли користени во пресметката и сите меѓупресметки во самата пресметка. Во изборниот прозор може да се видат сите дневници, кои биле креирани за таа пресметка (кога и кој ја креирал). Со двоен клик на избраниот дневник, ќе се отвори во оној програм кој бил претходно одбран за преглед на XML документи. |
Разлика до минимална плата |
Со оваа опција програмот овозможува автоматско додавање на разликата до минималната плата (опцијата е поврзана за поединечна пресметка). Ако е означена, програмот ќе ја додаде соодветната заработка за разлика до минимална плата (поставена во Администраторска конзола | Подесувања | Кадри | Плати) кај вработените со плата помала од минималната. За да се изврши контролата, важно е да биде внесена минималната основица за пресметка на придонеси во периодот во шифрарникот на просечни плати. |
Заклучен |
Означете ја опцијата доколку пресметката е завршена. Ако е означена, не е дозволено менување на пресметката. Доколку сепак сакате да ја промените, одзначете ја опцијата и ќе се промени статусот на пресметката. |
Напомена на документ
|
Можете да внесете напомена до 256 знаци. При обликување на исписи, полето [qODObracun."acNote"] е наменето за напомената. |
Пораки на програмот
Ако се обидете да менувате заклучена пресметка, програмот ќе јави порака:
Можете да ги вратите промените со помош на копчето <Esc>.
|
|
Ако ја означиме опцијата Заклучено и кликнеме на копчето Сочувај, програмот ќе прикаже предупредување. |
|
Ако се обидете да избришете документ на кој веќе е направена пресметка, програмот ќе појави порака: |
|
Ако се обидете да избришете пресметка која веќе е книжена, програмот ќе јави грешка: |
|
Функциски копчиња