Планирано
Планирано
Во заглавјето на панелот Планирано ги има следните критериуми за дефинирање:
| Од / До |
Може да ги ограничите податоците во овој панел според периодот кој се внесува во овие полиња. Ова важи за сите подпанели на Работно време! |
| Категорија |
Може да ги ограничите податоците за одделна категорија на присутност.
Тие можат да бидат креирани во видови записи!
Овој критериум ќе се користи и во панелите Планирано и Задачи.
 |

(Испис) |
Доколку кликнете на ова копче, програмот ќе отвори посебен прозорец за Исписи за работници. Прозорецот има многу панели. Еден од нив е панелот Работно време со кој се прави испис за работното време на работниците. |
Во овој панел можете да го подесите работното време на работникот.
| Работно време |
Во ова поле од листа може да се избере работното време кое би сакале да го подесите за работникот кој е моментално активен. |
| Од |
Во ова поле програмот ќе го внесе моменталниот датум кој што е внесен во Шифрарник на работно време. |
|
Со кликање на ова копче ќе се отвори дополнителен прозорец: Распоредување на работното време. Со овој формулар можете да го распоредите работното време.

Шифра
Доколку сте ги дефинирале работните часови во панелот Планирано, програмот ќе ги даде овде. Доколку не сте ги дефинирале до сега. може да се направи тоа овде.
Почеток
Одберете го денешниот датум (денес) од шифрарникот на работно време. Ова е датумот со кој ќе започне циклусот.
Работник
Програмот во ова поле ќе го предложи работникот преку чии Персонални мапи сте ја активирале процедурата за распоредување. Доколку го оставите полето празно, програмот ќе распореди работно време за сите вработени, доколку не ја ограничите процедурата со некој друг критериум, на пр. работно место, период, оддел итн.
Оддел
Ако го дефинирате ова поле, програмот ќе распореди работно време за работниците во одреден оддел.
Работно место
Ако го дефинирате ова поле, програмот ќе распореди работно време за работниците кои се вработени на одредено работно место.
Период
Во ова поле можете да го дефинирате почетокот на периодот за кој би сакале да распоредите работно време за работникот. Во полето Крај можете да го дефинирате крајот на периодот за кој би сакале да распоредите работно време за работникот.

Со кликање на копчето Распореди програмот ќе го распореди работното време во согласност со избраните критериуми.
Пред распоредувањето на работното време, програмот ќе прикаже предупредување преку кое можете да ја потврдите или откажете постапката.
Доколку работникот има веќе дефинирано работно врме за избраниот период, програмот ќе прикаже предупредување:

Може да се избере меѓу следните опции:
- Замени - Програмот ќе ги замени старите записи со нови.
- Замени им на сите -
- Дополни - Програмот ќе ги додаде новите записи на старите.
- Откажи - Доколку кликнете на ова копче , програмот ќе го откаже копирањето.
Откако ќе заврши со процедурата, програмот ќе јави порака.
- Крај - Доколку кликнете на ова копче, програмот ќе го затвори прозорецот за распоредување на работно време.
|
|
Работното време кое би сакале да го копирате во овој панел ќе биде распоредено и во календарот за планирано работно време! |
|
Доколку кликнете на ова копче, програмот ќе отвори прозорец за бришење на планираното работно време. Во прозорецот може да дефинирате дополнителни критериуми за бришење на работното време на работникот или работниците. |
Lines
| Почеток/Крај |
Почеток и крај на работниот ден. |
| Категорија |
Категорија на присутност која сакате да ја следите. |
| Назив |
Назив на категоријата. |