Регионални поставки

Пишувањето на кирилица во програмата PANTHEON е условено од поставките во системот Windows (компјутерски поставки). Поставката се прилагодува според конфигурацијата на серверот, во регионалните поставки на компјутерот.
Ќе ви ги покажеме регионалните поставки за примерот дека користиме база на податоци со класификација на серверот на македонски јазик (Macedonian_CI_AS).
 |
ВНИМАНИЕ
Ако немате координирано сортирање (Collation) помеѓу серверот и базата на податоци, прво мора да направите измени на Collation преку програмата Clotho. Инструкциите за промена на сортирањето на базата (Collation) може да се најдат во Измени Collatе.
|
Кога имаме координирано сортирање (Collation) помеѓу серверот и базата на податоци, можеме да ги уредиме регионалните поставки. Регионалните поставки/Regional Settings можеме да ги најдеме во Контролната табла/Control Panel.
Корисникот внесува Control Panel во лентата за пребарување и кликнува за да ја отвори апликацијата.

Во контролната табла, избираЧас и регион/Clock and Region. Се фокусира на Категорија/Category.

Корисникот од отворената нова форма избира Регион/Region.
Се отвора нов прозорец во кој се поставува облик за нашиот регион. Корисникот за Формат/Format од паѓачкото мени избира: Македонски јазик (Македонија)/Macedonian (Macedonia).
Гледаме дека форматите на датумот и времето се менуваат. Можеме да го провериме датумот (дека е на македонски) и во полето Примери/Examples.

Во поставките за регионот, корисникот се префрла на картичката Административни поставки/Administrative. Тука ја проверува поставката Јазик за програми кои не поддржуваат Unicode/Language for non-Unicode programs.
Корисникот кликнува на Промени ги регионалните поставки на системот и поставува: македонски јазик (Македонија).


 |
ВНИМАНИЕ
Треба да се обележи полето Бета: Користете Unicode UTF-8 за јазична поддршка низ целиот свет (анг. Beta: Use Unicode UTF-8 for worldwide language support).

|
Корисникот ги потврдува промените со кликнување на Примени и OK.
Откако ќе ги примени поставките, програмата ќе побара да го рестартира компјутерот. По рестартирање на компјутерот, PANTHEON треба правилно да ги емитува буквите и датумите.
Корисникот кликнува на копчето Рестартирај сега.
