Деинсталирање и бришење на PANTHEON

Отстранување (деинсталација)
Во ова поглавје ќе ви ја покажеме постапката за отстранување на софтверот PANTHEON од вашиот компјутер .
Содржина
- Деинсталирање на Datalab софтвер
- Отстранување на сервер за податоци и база на податоци
|
1. Деинсталирање на Datalab софтвер
Корисникот ги следи следните чекори:
- Во Контролната табла/Control Panel избира Избриши програм/Remove Program.
- Избира софтвер DataLab .
- Кликнува на Деинсталирај/Uninstall.
- Ги следи упатствата на екранот.

 |
ВНИМАНИЕ
Процесот на деинсталирање на софтверот Datalab е автоматски или е воден од страна на волшебникот за отстранување софтвер.
|
2. Отстранување на сервер за податоци и база на податоци
Ако на компјутерот се инсталирани сервер за податоци и база на податоци, корисникот може да ги отстрани со слична процедура:
- Во Контролна табла/Control Panel корисникот избира Избриши програм/Remove Program.
- Избира Сервер за податоци.
- Кликнува Избриши/Uninstall
- Ги следи упатствата на екранот.
 |
ВНИМАНИЕ
- SQL серверот не можете да го избришете ако во истиот момент го користите. Во таков случај, во SQL Servis Manager исклучете ги и серверот и Service Manager.
- Од безбедносни причини, деинсталаторот не ја брише базата на податоци. За бришење база на податоци (ВНИМАНИЕ - ПОДАТОЦИ), рачно избришете ги датотеките .MDF и .LDF во директориумот, кој го наведовте како локација на базата на податоци при инсталацијата.
|