Пријавување на вработен

Пријавувањето на вработени во М1 образецот за Задолжително социјално осигурување работодавачот мора да го достави по склучувањето на договорот за вработување.

На сликата е прикажан формуларот за пријавување на вработениот (М1 образец) и потврдата за пријава.
Во ова поглавје, презентираме пример за пополнување на формуларот М1 во PANTHEON пред да го поднесете истиот до АВРСМ.
 |
ОПИС НА ПРИМЕРОТ:
Катарина Кадер, одговорното лице на компанијата Текта, сака да пријави нов вработен со задолжително социјално осигурување. Како работодавач, компанијата е должна да го пријави работникот на задолжително социјално осигурување. Тоа го прави следејќи ги овие чекори:
- Подготовка на формуларот за пријава
- Пополнување на формуларот за пријава
- Печатење на формуларот за пријава
- Поднесување на формуларот за пријава
|
1. Подготовка на формуларот за пријава (М1 образец)
За пренос на податоци во формуларот М1, одговорното лице избира Кадри | Вработување | Кандидати.
Во командната линија одговорното лице го бара работникот Кире Продавач преку копчињата за навигација.
Во следниот чекор во командната линијакликнува на копчето
(Волшебник) и избира опција Пренеси во M1/ М2.
Се отвора формулар за пополнување, до кој може да се пристапи и преку друга рута, Кадри | Формулари | М1/М2.
2. Пополнување на формуларот за пријава
Во формуларот автоматски се пополнуваат полињата Податоци за ПЛАЌАЊЕТО или информации за работодавачот.
Програмата ги црпи основните податоци од Шифрарник на партнери, записи на нашата компанија Текта.
Полето Регистарски број на даночниот обврзник се пополнува автоматски од внесувањето податоци во Администраторската конзола | Персонал | Регист. број на даночен обврзник.
Како што е прикажано на сликата подолу, податоците автоматски се пополнуваат во полето Формулари од поставките во административната конзола кога се избира Формулари.

Во формуларот М1, од Шифрарникот на кандидатите се пренесуваат податоците за ОСИГУРЕНОТО ЛИЦЕ.
Полињата Државјанство, Презиме и Име, ЕМБГ и податоци за Адреса автоматски се пополнуваат
Во долниот дел од формуларот, Информации за осигурување од прозорецот под делот ЕМБГ со кликнување на копчето
или
одговорното лице го избира работникот за кого го пополнува формуларот.
Сите податоци поврзани со работникот кои ќе бидат внесени во другите полиња зависат од овој запис.
Автоматски од панелот Лична папка | Основни податоци лицето ги пополнува полињата Државјанство, Име и Презиме и информации за адресата.
Во полето Датум на почеток на осигурувањето потребно е да се внесе датумот од кој важи осигурувањето на осигуреното лице.

3. Печатење на формуларот за пријава (М1 образец)
Кога ќе заврши со пополнување на формуларот во командната линијасо кликнување на копчето
(Испис) лицето избира опција за печатење формулар за Пријавување или Одјавување.
Се отвора прегледот за печатење.

4. Поднесување на формуларот за пријава (М1 образец)
Образецот може да се достави лично или по пошта, во хартиена форма во една од подрачните канцеларии на АВРСМ или преку порталот www.uslugi.gov.mk.
Ако одговорното лице го испраќа образецот преку порталот eVEM на образецот на десната страна може да го избере копчето eVEM.
Со кликнување на копчето, формуларот се испраќа до Кадри | Формулари | eVEM, во панелот Подготовка и извоз во Evem, каде што формуларот се процесира.

Во полето Име на улога, одговорното лице ја избира опцијата Пријавување на лица (M1) од паѓачката листа и кликнува на копчето Подготви.
Во долниот дел од формуларот Обработени документи се креира нова позиција за него, поставете го глувчето, кликнете со десното копче и изберете ја опцијата Поднеси документ.