Поставки на документацијата
Чаробник за поставување документација
За внесување поставки по чекори потребни за функционирање на Документацијата е подготвен Чаробник за поставување документација, кој го наоѓаме во прозорецот Документи под иконата Чаробници.

Со клик на копчето Напред се отвора чекор за внесување класификации. Пред-подготвените класификации можеме да ги увеземе со клик на копчето Увоз/Извоз Пренос на шифранти и да ги увеземе посакуваните класификации. Секако можеме класификациите по увозот соодветно да ги дополнуваме или менуваме и така да создадеме наш Класификациски план.

По клик на копчето Напред, се отвора можноста за внесување соодветни поставки за поединечна услуга за размена (драјвер). Подробен опис на поставките за овој чекор можете да најдете во описот на поглавјето Поставки->Програма->Администраторска конзола->Поставки->Параметри на програмата->Документација и архивирање.

По клик на копчето напред се прикажува чекор за внесување соодветни видови документи за поединечен поштенски сандук. Начинот на внесување е опишан во поглавјето Поставки->Програма->Администраторска конзола->Поставки->Параметри на програмата->Документација и архивирање.

Во последниот чекор на поставките потребно е да се одредат Операции, кои ќе ги користиме при обработка на излезни (нпр. потпис на документ,..) и влезни (нпр. увоз на документ во eSlog форма...) документи. Пред-подготвени се три операции, кои можеме да ги увеземе со клик на иконата Увоз/Извоз податоци Пренеси шифранти. Тоа се операции за Увези фактура, Провери и Додај пакет. Описани се во поглавјето Поставки->Документација->Операции.

Уште еднаш кликнуваме на копчето Напред и процесот на поставки потребни за функционирање на Документацијата го завршивме.

Употребата на Чаробникот за поставување Документација можете да ја погледнете и во видеото.
Забелешка за пониски верзии на програмите:
- важи само за пониски верзии на програмите (LX, LT, FL)
Во повисоките верзии на програмата, можете целосно да ги извршите поставките и преку администраторската конзола и другите основни менија, за пониските верзии (LX, LT, FL), употребата на Чаробникот за почеток на употреба е задолжителна.
Во пониските верзии можете преку чаробникот да внесете до 4 Видови документи (ВД) за Документацијата. Пониските верзии не дозволуваат рачно внесување на нови ВД во шифрантот Видови документи.