Филтрирање задачи според статус

Ако ги разгледаме Задачите, ќе видиме дека може да имаат различни Статуси; може да бидат сè уште отворени, во конфликт со други задачи, веќе завршени, на почеток или да се откажани.
Задачите исто така може лесно да се филтрираат со избирање Статус (претходно подготвени филтри за оваа намена).
 |
СОВЕТ
За детален опис за тоа кои претходно подготвени филтри се достапни во зависност од статусот на задачата, прочитајте го поглавјето Филтри.
|
 |
ВНИМАНИЕ
Списокот на претходно поставени филтри не може да се промени, тој е системски дефиниран.
|
До претходно подготвените филтри може да се пристапи со кликнување на Подесувања │ Документација │ Задачи.
 |
ОПИС НА ПРИМЕРОТ
Во компанијата Текта воведоа еПроцеси кои автоматски му ги објавуваат работните задачи на корисникот. При логирање во програмата, на сметководителката Сања и се прикажува формулар со Задачи.
За полесно да си го организира работниот ден, таа најпрвин го проверува списокот со работни задачи според статусот на задачата, бидејќи претходно два дена неочекувано отсуствувала.
Тоа го прави на следниот начин.
|
Одговорното лице го интересира колку задачи има со статус Одложени задачи.
За таа цел, на формуларот Задачи, користи претходно направени филтри.
Избира претходно подготвен филтер: Одложени задачи.
Програмата враќа список на задачи на десната страна на формуларот што го имаат избраниот статус.

Во нашиот пример, таа гледа дека има 6 задачи со статус Одложени, бидејќи тие не биле извршени за време на нејзиното отсуство.
На ист начин, ја проверува листата на задачи според другите подготвени филтри.