Примери за децимални места
Предефинираните поставки во програмот прикажуваат податоци за количина (примена или издадена) и цени во модулите Материјално, Нарачки и Сервис со 2 децимални места.
Тој параметар може да се промени спред потребата. Програмот може да прикажува за количина и цена од 0 до 6 децимални места.
Ова не се однесува на заокружување туку на прикажување на внесени податоци.
1. Предефинирани поставки: количина до 2 децимални места, цена до 2 децимални места

2. Количина до 6 децимални места, цена до 4 децимални места
На примерот гледаме како ќе изгледа резултатот доколку количината има 6 децимални места. Вакви поставки се соодветни за производни претпријатија, каде што залихата на артикли се води на пример во килограми, а користењето на артиклот е мало (пр. 0,003650 kg).
Со ова не се влијае на издадена/примено количина, само се прикажува вредноста во формите за издавање/примање.

3. Количина како цел број (без децимални места), цена до 2 децимални места
На примерот гледаме кога количината е цел број и цена со 2 децимални места. Вакви поставки се соодветни за трговски претпријатија што купуваат и продаваат артикли по парчиња или дуги мерки. Во тој случај е логично да се прикажува количина без децимални места.
