Пренос на дефиниции на бизнис процеси

еПроцесите ни овозможуваат да ги автоматизираме повторувачките задачи како што се увоз на е-фактури, еКнижење, Прими од bizBox и други. Деловните процеси одредуваат кои активности треба да се извршат и по кој редослед.
Во чекор Пренос на дефиниции на бизнис процеси во Волшебникот за инсталација преку Веб-услугите се пренесуваат претходно подготвени еПроцеси во шифрарникот на деловните процеси.
Потоа можете да ги прилагодите еПроцесите на вашите потреби или да креирате нови.
Изберете го волшебникот за инсталација од менито Подесувања | Програм | Администраторска конзола во панелот Подесувања | Документација.
 |
СОВЕТ
- Прочитајте подетални информации за чекорот Пренос на дефиниции за бизнис процеси во поглавјето Пренос на дефиниции за бизнис процеси.
- За да дизајнирате бизнис процеси во согласност со потребите и спецификите на вашата компанија, контактирајте ги нашите консултанти на 02 3079 231 или info@datalab.com.mk.
|
Во ова поглавје, ќе разгледаме пример за пренос на еПроцеси во шифрарникот со помош на волшебникот.
Во Волшебникот за инсталација го избира чекорот Пренос на дефиниции на бизнис процеси.
Полето Група го остава празно бидејќи сака преку Веб-сервисот да ги пренесе сите бизнис процеси.
 |
СОВЕТ
Во полето Група од паѓачката листа може да ја изберете групата на еПроцесот што сакате да ја пренесете преку Веб-сервисот.
|

Продолжува со избирање на начин на увоз на бизнис процеси.
Одговорното лице сака да се пренесат сите претходно подготвени еПроцеси кои сè уште не постојат во шифрарникот, а постоечките се препишуваат.
Сака да ги пренесе бизнис процесите складни со локализацијата за Република Македонија.
Во делот Начин на увоз, го означува полето за избор за режимот Додавање/Промени.
Во полето За држава, од паѓачката листа ја избира локализацијата: МК.

Продолжува со избирање на бизнис процеси кои сака да ги пренесе во шифрарникот.
Одговорното лице, меѓу претходно поставените еПроцеси, ги избира оние кои ги задоволуваат потребите на компанијата.
Откако ќе ги избере критериумите, кликнува на копчето Пренеси од сервер за да ги преземе еПроцесите во списокот за преглед.
Во списокот, со означување на полето за избор Да/Не, ги избира еПроцесите што сака да ги пренесе во шифрарникот. Стандардно, сите еПроцеси се избрани.

Во нашиот случај, го отштиклира полето за избор на позицијата eInvoice Import, бидејќи тоа не му треба во својата работа.
Продолжува со преносот.
Одговорното лице сака избраните еПроцеси да ги пренесе во шифрарникот.
За пренос на избраните еПроцеси во шифрарникот го избира копчето Пренеси во шифрант.

Со избирање на копчето Потврди во прозорецот Информација го заклучува успешниот пренос на избраните еПроцеси во шифрарникот.

Со клик на копчето Напред, одговорното лице продолжува кон следниот чекор Подесување видови на документи во Волшебникот за инсталација.