
Додавање на вработен во корисници

Модул Вработен покрај прегледа и уредувања на податоците за вработените овозможува и, да постојниот вработен го додадеме меѓу корисниците.
На корисникот му поставуваме пријавни податоци и авторизации со кои може да се пријави во PANTHEON CHRONOS Mini.
Во ова поглавје ќе погледнеме пример за употреба на чаробникот во Вработените за додавање на вработен меѓу корисниците.
 |
ВАЖНО
Пристап до податоците на сите вработени има само корисникот со целосни авторизации.
|
 |
ОПИС НА ПРИМЕРОТ
Во компанијата Umbra с.п. вработиле нов работник, кој ќе го користи програмот CHRONOS Mini. Одговорната личност, веќе го внесла меѓу вработените, а сега сака едноставно да го додаде и меѓу корисниците. Тоа го прави во следните чекори:
- Избор на вработен од Листата на вработени
- Креирање на нов вработен
- Избор на вработен
|
1. Избор на листата на вработени
Во PANTHEON CHRONOS Mini се избира мени Вработени | Листа на вработени.
На листата го наоѓа вработениот Јуре Продажа кој сака да го додаде меѓу корисниците.

Со клик на Шифра на вработениот 02 се прикажуваат неговите Основни податоци.

2. Употреба на Чаробникот за додавање на вработен меѓу корисниците
За избраниот вработен се прикажуваат Основни податоци.
Одговорната личност сака вработениот да го додаде меѓу корисниците, па во алатната лента меѓу чаробниците избира Додај вработен меѓу корисниците.

Се отвора предупредувачко прозорче со прашањето: Дали сакате за вработениот Јуре Продажа да креирате и корисник?

Избира копче Создај, бидејќи сака за вработениот да креира нов Корисник.
Се отвора празен панел Корисници за внесување на нов корисник.
Во следниот чекор креира нов корисник како што е опишано во упатството за корисник Креирање на корисник.
