Додај подслучај
Новокреиран специфичен правен случај може да се поврзе со друг правен случај којшто е дел од поголем, главен случај.
Случајот е поврзан со овој подслучај како главен.
Ова поглавје опишува како да се додаде Подслучај на постоечкиот Случај.
Откако ќе се најави на PANTHEON Web Legal, одговорното лице го избира модулот Случаи и го избира главниот случај на којшто сака да додаде Подслучај.
Случајот се отвора со кликнување на Интерниот бр.

Се отвора формулар Детали за случајот.

Во следниот чекор, корисникот продолжува со креирање на нов подслучај.
На постоечкиот случај се додаваат судските покани како негов подслучај.
Ова се прави со избирање на јазичето Подслучаи на главниот Случај.

Се прикажува список на поврзани потслучаи.
Се додава нов подслучај со кликнување на копчето Ново.

Се отвора формулар, сличен на оној што се користи за креирање на нов случај и единствена разлика е тоа што се прикажува Надредениот случај.

Полињата се пополнуваат слично како и процесот на креирање нов случај.
Во полето Опис на случај, се внесува описот на подслучајот.

Откако ќе ги внесете сите податоци, во следниот чекор се зачувува Подслучајот.
По прегледувањето на податоците на Случајот, Подслучајот се зачувува.
Ова се прави со клик на копчето Зачувај.

На подслучајот му е доделен внатрешен број (создаден е нов носител на трошоци) и се зачувува во списокот на Подслучаи.

Во следните чекори, може да додадете Настани и Документација и може да ги прегледате Финансиите.