Архива на документи

Најлесен начин да се замисли архивата на документи е како плакар. Во случај на електронска документација, архивата е дел од електронското складирање на документи.
Документите може да се организираат во различни архиви во зависност од видот на документацијата, на пример:
- Сметководствена документација,
- Комерцијална документација,
- Техничка документација,
- Кадровска документација итн.
Но, можеме да ги организираме и по локации/градови/деловни единици, на пример:
- Архва Скопје
- Архива Охрид итн.
Стандардно, една архива е достапна во PANTHEON, но можеме да организираме посебни архиви за различни видови документи според потребите на компанијата.
Во ова поглавје ве запознаваме со:
|
Креирање Архива
|
За да поставиме поединечни типови PANTHEON документи во документацијата, можеме да ја користиме претходно подготвената PANTHEON Архива DMS0 или да креираме своја, во зависност од потребите на нашата компанија.
|
|
Поставки за архива и класификација на видови документи
|
Во Шифрарникот на видови документи, за сите видови документи што сакаме да ги чуваме по електронски пат, ја избираме соодветната Архива и стандардната класификација од Планот за класификација. За побрза работа го одредуваме и типот на трансакција за излезните документи.
|