Информации за правниот субјект

Со избор на Подесувања | Претпријатие менито во PANTHEON Web се отвора на табот Основни податоци.
Тука може да направите подесувања и да промените информации за вашето претпријатие/ компанија.
Со кликнување на копчето
во горниот десен агол се зачувуваат направените промени.

Подолу се опишани полињата во формуларот.
| Назив на претпријатие |
Можете да го промените називот на претпријатието/компанијата; меѓутоа, имајте предвид дека вашето претпријатие мора да биде внесено и во Шифрарникот на партнери. |
| Регистриран за ДДВ (поле) |
Одредете дали претпријатието е регистрирано за ДДВ или не.
Ако полето за ДДВ не е селектирано (сиво), тоа значи дека претпријатието не е регистрирано за ДДВ и ДДВ нема да се пресметува на фактурите; исто така нема да се прикажува во Шифрарник на иденти.
|
|
Лого
|
Прикажува тековно лого. Со кликнување на копчето Додај документ, се отвора прозорец каде што можете да изберете датотека со новото лого.
Логото се печати во заглавието на издадените фактури, нарачки итн.
Подгответе го логото на вашето претпријатие во .bmp или .jpeg формат (можете исто така да го скенирате или да користите дигитален формат). Пропорциите треба да бидат 2.24 (Ш) x 1.26 (В).
 |
СОВЕТ
Прописаната пропорција значи дека можете да користите логоа со големина 224 x 116 px, 448 x 252 px или 896 x 504 px. Колку поголемо е логото, толку подобар квалитет, но препорачуваме да не се надминува ширина од 500 px, бидејќи сликата ќе биде премногу голема за печатење на фактури и ќе трае долго за прикажување.
Ако логото не е во прифатлив формат, нема да се отпечати.
|
|
| Напомена на документ (3 реда) |
Прилагодена забелешка која ќе се прикаже или отпечати на документ каде што ќе изберете забелешка од 3 реда. |
| Напомена на документ (6 реда) |
Прилагодена забелешка која ќе се прикаже или отпечати на документ каде што ќе изберете забелешка од 6 реда. |