Извештаи за продажба и преглед

Во модулот Материјално, ќе најдете збир на главни извештаи за анализа на продажбата:
Ова поглавје покажува како да креирате извештај за анализата на разлика во цените во PANTHEON.
 |
опис на примерот
Пале Продажба, раководител на големопродажба во Текта, сака да ја анализира продажбата на компанијата. Ова се прави на следниов начин:
- Избор на тип на извештај
- Известување за клиентите; продажни маржи
- Пренесување податоци за напредна анализа
|
1. Избор на тип на извештај
Одговорното лице сака да ја види маржата (разликата помеѓу куповните и продажните цени) за нивните клиенти.
За таа цел, одговорното лице го избира извештајот Пресметка на издеадени сметки и разлика во цени, до која се пристапува во менито Материјално | Пресметка на издадени сметки | Пресметка на издадени сметки и разлика во цени.
Се отвора прозорецот Пресметка на издадени сметки/разлика во цени.
2. Известување за клиентите; продажни маржи
Потоа, одговорното лице го избира табуларот Разлика во цена, која се состои од делот Вид на испис, каде што се достапни различни извештаи и деловите Критериуми, Видови документи и Видови ставки, кои се користат за поставување на саканите ограничувачки критериуми.
Одговорното лице сака да ја види профитната маржа по клиент во тековната година.
За таа цел, одговорното лице го избира видот на испис 295 - Анализа по клиенти - сумарно. Во полето Отпремница од , одговорното лице го внесува датумот 1.1.2022 година, користи десен клик во делот Видови документ и ја избира опцијата Одбери се за да ги селектира сите видови документи за креирање на исписот. На ист начин, се избираат сите видови иденти.

Со кликнување на копчето Испис се креира саканиот испис. Исписот се прикажува на екранот, како што е прикажано на сликата подолу.

Одговорното лице сега може да ги види продажните маржи по клиент во извештајот. Вкупната маржа на компанијата за периодот е 928,531.92 МКД или 108,40%.
Од лентата со алатки, го клика копчето
(Печати) и документот се печати за преглед.
3. Пренесување податоци за напредна анализа
За исписите каде е овозможено копчето Табеларен преглед, податоците може да се пренесат од кој било избран испис во Ад-хок анализа за уште подетална и приспособена анализа на податоците.
Процесот е детално опишан во поглавјето Пресметка на нарачка на купувач - 6.Пренесување податоци за напредна анализа.