Пресметување план за различна валута

Овој пример демонстрира, како можеме да пресметаме создадени планови во различна валута од валутата користена во нашиот програм.
 |
Резиме на случајот
Случајот претставен подолу е базиран на настан, кога Хрватска ја менува својата валута HRK во нова валута EUR на 1.1.2023. Кога тоа ќе се случи и вашата компанија има планови во стара валута (HRK во нашиот случај), ќе сакате во некој момент да можете да ги споредите овие планови со вашата актуелна состојба (или ако сте создавале планови за иднината, ќе сакате да ги префрлите во нова валута).
Пред да започнеме со презентирање на случаите, треба да го опишеме актуелното работење на функционалностите. Валутата на планот е дефинирана од нашата валута во административната табла. Секој табеларен план вклучува колона валута (скриена по подразбирање), која е пополнета со нашата валута по подразбирање. Ако сакате да ја промените оваа валута, треба да додадете колона валута на крид и да ја промените оваа вредност рачно.
|
1. Преглед на вашиот план во нова валута
Пред да започнете со префрлање на вашите планови во нова валута, прво треба да ја дефинирате курсната стапка. За тоа, треба да изберете соодветен субјект (или да додадете нов), да го поставите како банка и да ја поставите курсната стапка, важна за пресметка на старата валута. Во нашиот случај, создадовме нов субјект TransitionEUR, и поставивме курсна стапка за HRK (датумите се во минатото за да покажат како функционираат пресметките).

Откако оваа валута е поставена, сега можеме да продолжиме со планот.
Кога ќе го отворите планот на главната страница, ќе најдете три полиња, поврзани со валутата: Банка, Прикажи во валута, и кутија за потврда Планирање само во примарна валута. Има дополнителни полиња Курс и Месечен FX курс кутија за потврда, но тие не се применливи во овој случај) За да можете да користите пресметки во различни валути, треба да ја отстраните кутијата за потврда, што ќе овозможи другите две комбо полиња. Таму избирате валута во која сакате да го видите вашиот план и избирате банка за курсната стапка.

2. Преглед на резултатите по промена на валутата
Додека ги користите подразбирачките поставки, сите пресметки се прикажани во подразбирачките валути.



Откако ќе ја промените подразбирачката валута, сите вредности ќе бидат пресметани според курсната стапка.



Функционалноста работи на ист начин на сите други планови (купување, финансии и плати).