Услови
Услови

Во панелот за услови може да се селектираат критериумите што би сакале да се искористат при генерирањето на анализата. Тие се следниве:
Сортирање
Избор за сортирање:
- сортирање по опаѓачки редослед
- сортирање по растечки редослед
Во случај на повеќе колони, колоните од десната страна имаа приоритет при сортирање.
Табеларниот приказ на резултатите овозможува сортирање и по колоните во самата табела (види Табеларен приказ).
Филтер
Користење на филтрите го дефинира опсегот на резултатите.
Со избирање од понудените оператори, можеме да ги филтрираме податоците:

- > за "поголемо од",
- < за "помало од",
- = за "еднакво на",
- >= за "поголемо или еднакво",
- <= за "помало или еднакво".
Во последниот чекор ја внесуваме вредноста за споредба.
 |
Пример: За приказ на сите податоци кои се поголеми или еднакви на 10, го избираме филтерот >= 10. |
Ограничувања
Со избор на ограничувањето одлучуваме дали резултатите да бидат прикажени за сите редови или само за првите x - во однос на бројот дефиниран во десниот прозорец.
Подесувања
Во панелот Редови и Колони избираме дали сакаме во самата табела да биде прикажана сумата (со избор на СУМИ), просек (со избор на ПРОСЕК), или пак ништо од наведеното (со избор на БЕЗ). Постои можност да поставиме различни подесувања за колони и редови.

Со штиклирање на опцијата Приказ на резултати со вредност нула ќе бидат прикажани сите резултати на извештајот. Во спротивно доколку го одстиклираме, тогаш ќе бидат прикажани само оние линии кои во своите келии (по колони) имаат различна вредност од нула.
Со штиклирање на опцијата Приказ на Предок ги прикажувате сите предци на избраните членови пред неговото име или шифра (Табеларен приказ) - нивоата на предци се одвоени со точка (·). Ако не е штиклирано се прикажува само еден член без предок.
Со штиклирање на опцијата Последователни броеви, резултатите се соодветно нумерирани. Ако не е штиклирано се прикажуваат резултати од анализата без последователни броеви на линиите.
Графикон
Со штиклирање на опцијата Прикажи вредности се овозможува приказ на точните ведности на прегледот на графиконот. Може да се промени критериумот без оглед дали е веќе извршена анализата (после промената само се кликнува на копчето
во лента со алатки).

Со штиклирање на 3D полето за избор графиконот се прикажува со ареа поглед. Ако не се прикажува во дводимензионален поглед. Може да се промени критериумот без оглед дали е веќе извршена анализата (после промената само се кликнува на копчето
во лента со алатки).
Со штиклирање на Промени оски полето за избор, тоа влијае на промена на x иy оските во погледот на графиконот. Може да се промени критериумот без оглед дали е веќе извршена анализата (после промената само се кликнува на копчето
во лента со алатки).
Со штиклирање на саканиот тип на графикон во Видови графикони се добива саканиот поглед. Може да се промени критериумот без оглед дали е веќе извршена анализата (после промената само се кликнува на копчето
во лента со алатки).

Достапни се следните типови графикони:
- Line

- Column

- Bar

- Area

- Scatterplot (XY)

- Pie

 |
Било кој графикон е погоден за употреба за презентација на податочен опсег, затоа мудро е да се одбере тип на графикон и избор на оски според опсегот на употребените податоци. |
Упатство за работа:
Поврзани теми: