Прием на производот
Receiving of Products
Receiving of Products
Со одбирање на Прием на производот во менито Производство се отвара прозорец за внес на материјални промети за прием на производи од работни налози односно прием на производ во магацин.
Се користи за брз пренос на повеќе производи од повеќе работни налози. Сличен Прием за поединечни работни налози може да се направи во панелот Производство | Работни налози | РН.
Најпрво одберете работен налог за кој сакате да направите пренос на производи во магацин. Внесете соодветна количина на производи кои треба да бидат пренесени и внесете количина за шкарт и кало. Потоа истото повторете го на следниот ред. Кликнете ОК за да ги потврдите внесените податоци. Одберете нов работен налог за внес на прием и повторете ја процедурата.
За да се пренесат сериски броеви на надреден работен налог, мора да примите полупроизвод. Идентите кои имаат сериски броеви ќе бидат пренесени на надредените работни налози. Сериските броеви се пренесени на редовите за издавање материјали, шкарт и кало, а во исто време примачот на работниот налог мора да биде идентичен со оној кој го издава (како што е сетирано во Шифрарникот на документи за издавање).
Сериските броеви се пренесени (адекватен број - планирана количина по производ е означена пред преносот, а исто така внесени се и сериски броеви во работниот налог по кој ќе се прави прием) на производот од работниот налог кога е штиклирано полето за Пренос на Сериски броеви. Сериските броеви ќе се пренесат само под услов да е подесено Водење на сериски броеви за полупроизводите и истото да е исто и за следење на идентите на производите.
Покрај можноста за рачно внесување на нови редови, може да се користи и Баркод скенер до кој се пристапува преку менито на Волшебникот.

Следните полиња се достапни во главниот панел:
Работен налог |
Одберете број на работен налог за кој сакате да направите пренос на производи во магацин. |
Распишан |
Внесете дата на која бил распишан работниот налог. |
Производ |
Се прикажува идентот на производ за кој се однесува внесениот РН. |
(количина) |
Се прикажува количината за која е распишан РН и единицата мерка во која е изразен идентот од РН. |
Нарачка |
Се прикажува бројот на нарачка со која е поврзан РН. |
Подолу може да ги видите полињата во кои се прави внесот за секој индивидуален прием:
Количина |
Внеси количина за производот за кој сакаш да направиш прием. Веќе внесената количина за прием се враќа доколку за идентот се користи сериски број. |
Датум |
Внеси датум на прием. Системски се појавува тековниот датум, но истиот може да се промени. |
Отпадок идент |
Внесете идент за отпадок. Само оние иденти кои се внесени во Прием на отпадок под специфичен вид на пренос (во овој случај прием на отпадок) се прикажуваат во паѓачкото мени. Having the Compound Goods and Services as Phantoms switched on in the selection table items of type C and U are NOT displayed. Ова поле се појавува само ако се означи параметар Отпадок.
|
Отпадок количина |
Внеси количина на отпадок која сакаш да се пренесе. Ова поле се појавува само ако се означи параметарот Отпадок. Веќе внесената количина за прием се враќа доколку за иденот се користи сериски број. |
Отпад идент |
Одберете идент за отпад. Само оние иденти кои се внесени во Прием на отпадок под специфичен вид на пренос (во овој случај прием на отпадок) се прикажуваат во паѓачкото мени. Having the Compound Goods and Services as Phantoms switched on in the selection table items of type C and U are NOT displayed. Ова поле се појавува само ако се означи параметар Отпад.
|
Отпад количина |
Внеси количина на отпадок која сакаш да се пренесе. Ова поле се појавува само ако се означи параметарот Отпадок. Веќе внесената количина за прием се враќа доколку за иденот се користи сериски број.
|
|
|
Долниот панел ги нуди следните полиња:
Количина |
Во ова поле може се прикажани податоци поврзани со преносот на производ од работен налог во складиште/магацин. |
Отпадок |
Во ова поле се прикажани податоци за пренос на количина на отпадок на производ од работен налог во складиште/магацин. Се прикажува само доколку параметарот Отпадок е означен. |
Растур |
Во ова поле се прикажани податоци за пренос на количина на растур на производ од работен налог во складиште/магацин. Се прикажува само доколку параметарот Растур е означен. |
Целосна |
Ја прикажува целосната планирана (распишана) количина која треба да се произведе. |
Веќе превз. |
Ја прикажува количината за која веќе е направен прием и е пренесена од работен налог во складиште. |
Преостаната |
Ја прикажува преостанатата количина на налогот односно разликата меѓу распишаната и веќе преземената количина. |
Прием |
Ја прикажува количината која тековно сакаме да ја примиме. |
Складиште |
Го прикажува складиштето каде ќе се примат производите. |
Залиха |
Ја прикажува моменталната залиха за одбраниот идент во одбраното складиште. |
Оддел |
Прикажува оддел со кој е поврзан идентот од работниот налог. |
Потврди |
Со ова се потврдуваат внесените податоци за пренос на производ од работен налог во складиште. |
Откажи |
Со ова се откажува преносот и се бришат внесените податоци за пренос. |
Подолу може да видите дел од предупредувањата кои се појавуваат кога се случува грешка во процедурата или когха треба да се потврди одредена операција пред да се продолжи понатаму. Ова има значително влијание врз перформансот и валидацијата на процесите:
Пред да се направи приемот, се прави позадинска проверка. Доколку има некој проблем, се појавува следниот прозорец со листа на грешки кои се појавиле при проверката:

Извештај за грешка
