Уредување на основна спецификација

Како што веќе беше спомнато во претходното поглавје, основната спецификација е основниот елемент на структурата на спецификацијата од повеќе нивоа на производот и дефинирање на процесот и изработка на производот. Дизајнот на основната спецификација е клучна активност при дефинирање на податоци за ланирање и изработка на производствениот процес. Основната спецификација е исто така клучна точка за дизањирање на спецификациите за планирање и прозиводство во апликацијата PANTHEON., кои се уредуваат на сличен начин како основната спецификација.
Основната спецификација го одредува основниот модел (состав). Целосната повеќенивоска спецификација се обликува со поврзување на модулите во целокупната структура.Спецификациите од пониско ниво стануваат компоненти на повисоки нивоа.
Составниот модел претставува одредување шифри на составниот артикал, одредување позиција на составните делови (погледнете Додавање на позиции) и позиции на работните операции (погледнете додавање на операции), технолошка постапка на изработка.
Основната спецификација можеме да ја обликуваме во повеќе алтернативи, со тоа е овозможено однапред употребени алтернативи на материјалите и работните операции, односно нивна комбинација. Прво по правило се обликува т.н. нулта изворна алтернатива (0), а можно е дефинирање од 1 до 255 алтернативи.
Уредувањето на спецификацијата претставува задачи за креирање, менување, преглед - испишување и бришење на спецификацијата.
 |
Основната спецификација ја креираме во во прозорецот Основна спецификација, која ја активираме со изборот Основна спецификација, во панелот Спецификација. |
Го отвараме програмскиот прозор “Спецификација“, кој е поделен во повеќе панели на функциски подрачја. Прозорецот и односот на поеднечните подрачја можеме да ги прилагодуваме по желба.

Најгоре е лента со алатки со називот на програмот (лево) и прозорските контроли (десно).
Подолу е главата на спецификацијата односно артиклите кои содржат податоци за спецификацијата поделени во три панели:
- Панелот Основни податоци - прикажува податоци за спецификацијата осносно за идентите и дозволува запишување на податоци.
- Панел Алтернативи - одредува податоци за терминирање на поединечни алтернативи на спецификацијата, опишани во посебно поглавје (Од верзија 10.0.21.30 панелот за алтернативи е отклонет а операциите за работа со алтернативи се преместени во Основни податоци.)
- Панелот Историја - е намент за преглед на снимените податоци за спецификацијата во минатото. Објаснувањето за Историја на спецификацијата е опишано во посебно поглавје.
- Панелот Документи - е намент за работа со еДокументација.
На левата страна од прозорецот е спецификацијата која се состои од повеќе нивоа. Наредбите за работа со разгранетата струкура од повеќе нивоа се опишани во подпоглавјето Разгранета структура на спецификацијата.

Позициите од спецификацијата и алтернативите се прикажани на десната страна. Податоците се прикажани во три панели:
- Спецификација - Овде можеме да ги погледнеме позициите на спецификацијата за материјалите и операциите.

На десната страна од прозорецот е спецификацијата на значајни податоци на спецификацијата, во избраниот редослед на позиции и алтернативи


Позиции на панелот Спецификација
Позиција |
Број на позицијата на спецификацијата во надреденета спецификација. |
Алтернатива |
Алтернатива на позицијата на спецификацијата во надредената спецификација. |
Идент |
Шифра на идентот. |
Назив |
Назив на идентот на спецификацијата. Со кликање на иконата + кај Опис, се отвара дополнителн опис на позицијата на спецификацијата, која можеме да ја ажурираме. Доколку позицијата содржи дополнителен опис , иконата е обоена во сиво и е болдирана. |
Batch |
Број на единица на спецификацијата, која претставува изработена шаржа (количина). |
Ед.мера |
Се прикажува единицата мера која се користи на позицијата од спецификацијата. |
Нормрана основа |
Број единица на сцпецификација во единица мера од спецификацијата, за која е дефинирана нормативна количина потрошена позиција во обоем од 1 до 1.000.000 единици. |
ВИД |
Се прикажува книговодствениот вид на идентот. |
Примарна класификација |
Се прикажува примарната класификација. |
Секундарна класифиација |
Се прикажува секундарната класификација. |
Останатите панели Материјали и Операции се наменети за ажурирани позициите и се опишани во посебни поглавја:
- Материјали - содржи листа само на материјалии и е наменета за ажурирање на спецификацијата.
- Операции - содржи листа само на операции и е намента за ажурирање на операциите на технолошките постапки.
- Производ отпад/кало - вклучува листа на очекуван процент на трошење на отпадоци, кои исто така по желба можете да ги менувате.
Најдолу на прозорецот Основна специфакција, на десната страна се наоѓа копчето Во Минато, кое е наменето за пренос на моменталната структура на спецификацијата во Историја на спецификацијата.
 |
Историја на спецификацијата се отвора во самостоен прозор каде е овозможено истовремено отварање на основната спецификација за потребите за подобар преглед во различните спецификации.
|
Основна спецификација подесување во Администратоска конзола
Кога е вклучена опцијата Ексулзивно уредување на спецификацијата програмот проверува и спречува истовремено уредување на спецификацијата од страна на повеќе корисници, така да во тој случај се појавува предупредување:

Спецификацијата ХХХ не е можно да ја уредувате, бидејќи ја уредува корисник ХХ. Спецификацијата започна да ја уредува на dd.mm.gggg во XXчасот, последната промена е направена на dd.mm.gggg во hh.
For a more detailed treatment of specification-related data see Add Lines (specification) , Add Operations (technical procedure) and Product Waste/Scrap (Side products).
Деталниот опис за додавање податоци во спецификацијата е опишано во подглавејто додавање на позиции на спецификацијата и додавање операции на спецификацијата и Продукт кало/отпад.
Поврзани теми: