Договорени цени
Договорени цени
Програмскиот пакет DataLab PANTHEON™ овозможува различно одредување на цени. Освен три ценовни нивоа и можноста да се внесуваат цените директно во позициите, модулот Материјално нуди и посебен метод за поставување договорени цени.
Името на договорниот ценовник веќе ја определува неговата функција. Тоа е посебен ценовник, поврзан со одреден посебен договор. Со договорените цени можеме да дефинираме било каква девијација на цените од ценовникот, којашто важи за одреден партнер или тип на партнер, одреден идент или класификација. Договорените цени можат да се користат при продажба и при набавка.
Договорениот ценовник најлесно можеме да го претставиме како табела, во која редовите се партнерите, а колоните иденти, додека во полињата се впишува договорот кој сме го склучиле.
|
Идент 1 |
Идент 2 |
Партнер A |
€150 |
4% рабат |
Партнер B |
€12 |
|
Партнер C |
|
Формула 12 (кол. > 10 - 5%) |
Партнер D |
|
|
Од табелата може да се види дека:
- со партнерот А е договорена цена од €150 за идентот 1 и 4% рабат за идентот 2,
- со партнерот B е договорена цена од €12 за идентот 1, додека нема договор за идентот 2,
- на партнерот C му бил доделен 5% рабат во случај ако купи повеќе од 10 иденти вкупно,
- Со партнерот D нема договор, затоа за него важат индексните цени.
Во договорниот ценовник можат да се постават повеќе категории за пресметување на цената: на пр. договорени цени, договорен рабат или двете.
Исто така, може да се одреди дали цената ќе важи кај набавката или продажбата.
|
Набавка/Продажба |
Идент 1 |
Партнер A |
П |
€150 |
Партнер B |
Н |
97€ |
Механизмот е толклу флексибилен што може дури и да бидат опфатени договорите кога на еден партнер му продаваме и купуваме од него ист производ.
|
Набавка/Продажба |
Идент 1 |
Партнер A |
П |
€150 |
Партнер A |
Н |
145€ |
Договорните ценовници можат да бидат многу сложени и да содржат многу записи. Да се олесни работата, можеме на партнерите да им одредиме тип, а со тој тип на партнери да го врземе договорниот ценовник.
|
Тип/Партнер |
Идент 1 |
Партнер X |
T |
€150 |
Партнер D |
П |
3% |
Цената од €150 важи ако партнерот А и партнерот B се од типот "Х". За партнерот C не е детерминирана посебна цена, па за него важи цената од ценовникот, додека за партнерот D е одреден рабат од 3%.
Исто така може да се подесат договорени цени за класификации на иденти. Најпрво треба да се направи класификација на иденти, па неа ја внесуваме во договорниот ценовник. Воедно, класификацијата ја внесуваме како примарна класификација во шифрарникот на иденти.
|
Класификација/Идент |
Партнер A |
Партнер B |
Класификација III |
К |
3% |
4% |
Идент 1 |
M |
€150 |
|
Од горенаведената табела се забележува дека:
- на партнерот А е доделен рабат од 3% за сите иденти кои припаѓаат на класификацијата III. Покрај тоа, идентот 1(кој може, но не мора да припаѓа во класификацијата III) има посебна цена од €150.
- за партнерот B за класификацијата III е доделен 4% рабат.
Во договорниот ценовник можат да се спојат класификации и типови на партнери на ист начин како што е опишано погоре.
Ценовниците може да се внесат на пет места во шифрарниците:
Договорените цени се внесуваат само на едно место, а може да се видат во сите поврзани табели.
Пример:
Внесете договорена цена од €100 за идентот 1 којшто се купува од партнерот Добавувач д.о.о. во договорниот ценовник на идентот или на партнерот. Тие цени ќе се испишат и во договорниот ценовник на партнерот и кај идентот, без разлика на тоа каде биле внесени.
На сличен начин се поврзани податоците и од другите ценовници. Во долната табела се прикажани ценовните договори и тоа: за партнер и шифра на идентот (на пр. кога се купува идент 1 од Добавувач д.о.о.), за партнер и класификација на иденти (на пр. 10% рабат е доделен на Купувач д.о.о. при набавка на добра од класификација I), понатаму за тип на партнер и шифра на идент (на пр. кога се продава идентот 1 на купувачи од типот К ) и, за тип на партнер и класификација на иденти (на пр. на купувачите од типот К им доделуваме рабат од 10% за иденти од класификацијата I).
|
Договорен ценовник на купувач |
Договорен ценовник на добавувач |
Договорен ценовник на иденти |
Договорен ценовник на тип на партнер |
Договорен ценовник на класификација на иденти |
Партнер - Шифра на идент |
ДА (ако е тип П) |
ДА (ако е тип Н) |
ДА |
|
|
Партнер - Класификација на иденти |
ДА (ако е тип П) |
ДА (ако е тип Н) |
ДА (ако е вклучен во класификација) |
|
ДА |
Тип на партнер - Шифра на идент |
ДА (ако е од тој тип) |
ДА (ако е од тој тип) |
ДА |
ДА |
|
Тип на партнер - Класификација на иденти |
ДА (ако е од тој тип) |
ДА (ако е од тој тип) |
ДА (ако е вклучен во класификација) |
ДА |
ДА |
Ако сме ја одредиле цената, односно некој друг продажен договор (формула, рабат итн.) на различни нивоа (на пр. за идент и истовремено за класификација на иденти), програмот ќе го избере оној договор кој е хиерархиски поважен:
- Формула на продажна цена (ако се работи за продажба)
- Договорен ценовник за Партнер - Шифра на идент
- Договорен ценовник за Партнер - Класификација на иденти
- Договорен ценовник за Тип на партнер - Шифра на идент
- Договорен ценовник за Тип на партнер - Класификација на иденти
- Цени од шифрарникот на иденти (кај продажба: според ценовен индекс; кај набавка: цена на добавувач).