263840
Членови на домаќинството
Во овој прозорец се внесуваат податоци за членовите на домаќинството. Податоците може да се внесат непосредно во оваа табела, или истите можат да се внесат преку модулот Кадри. без разлика каде и да ги внесеме истите се прикажуваат на двете места.
Доколку на одреден член направиме двоклик, се отвора персоналната мапа за избраниот член. Во неа може произволно да се дополнат преостанатите податоци.

Членови на домаќинството
| Шифра |
Се внесува шифра по желба на членот на домаќинството. Оваа шифра е обично името и презимето која се обликува автоматски врз база на внесено име и презиме. |
| Презиме |
Се внесува презимето на членот |
| Име |
Се внесува името на членот |
| Адреса |
Се внесува адреса од постојаното живеалиште. |
| Пошта |
Од паѓачкото мени се избира поштенскиот број на местото на живеалиште. |
| Име на пошта |
Ова поле се пополнува автоматски по избраниот поштенски број. |
| Статус |
Од паѓачкото мени се избира статусот на членот на домаќинството. Се бира од постоечките статуси на ФАДН евиденцијата. Овие статуси се значајни за обликување на идните ФАДН известувања. |
Дополнителни дејности
Во табелата на дополнителни дејности се прикажуваат дејностите кои даден член на домаќинството ги извршува, или е одреден член носител на таа дејност или е помошник. Во оваа табела може да се додаде нова дејност за одреден член, или можеме да се избере помеѓу оние дејности кои сме ги внесле во прозорецот Основни податоци.
| Шиф. на дејноста |
Се избира дејноста која членот ја извршува, помеѓу оние кои се внесени како Дополнителни дејности на домаќинството. |
| Назив на дејноста |
Полето за назив на дејноста се пополнува автоматски откако ќе се избере шифрата на дејност. |
| Носител |
Се избира доколку ќленот на домаќинството е носител на дополнителната дејност. |