Групно книжење на позиции
Post Value Adjustments in Batches
Оваа функционалност е достапна за книжење на позиции кои рачно се внесени во Регистарот на основни средства ( набавка на основно средство или основни средства креирани преку Пренос во основни средства, од функциите на Волшебникот)
Оваа функционалност, може да се употреби и при внес на почетна состојба на Регистарот на основни средства.
1. Таб Книжење
За групно книжење на основните средства:
- се дефинираат основните податоци за креирање на налог за книжење, односно за приклучување на веќе постоечки налог.
- конто за книжење на разлики при ликвидација, односно неотпишана вредност на основното средство ( исто како и при книѓење на позицијата, од менито на десен клик во таб Состојба)
2. Во табот Основни средства
Следно, Програмот ги нуди сите основни средства каде последен внесен запис на позиција не е книжен. Основните средства се прикажани со следните податоци:
 |
Со кликање на ова копче,се книжат податоците |
Тип на внес |
се одбира филтер за тип на внес ( позиција со таков тип на внес мора да биде претходно внесена, во спротивно, книжењето не е возможно) |
Инвентарен број |
Инвентарен број на основното средство. Програмот ги прикажува сите активни основни средства, кај кои последната позиција во таб Состојба не е книжена. |
Назив |
Назив на основното средство |
Датум |
Датум на последна позиција во таб Состојба |
Вредност |
Вредност за книжење ( набавна вредност |
Тип на внес |
Типот на внес од позицијата |
O(означено) |
Доколку позицијата е означена, истата ќе биде книжена.
|
3. Список на грешки
Списокот на грешки прикажува основни средства, чие книжење не било успешно, а како резултат на одредено конто кое недостасува
За пример, погледнете Книжење на набавна на основни средства