Купувач
Купувач
Тука се внесуваат податоци за купувачот, кои се користат при изработка на нарачки или документи за издавање, како и во модулот за финансии. Внесуваме основни податоци во панелот Купувач.

Финансиски детали за купувачот:
Договорен Рабат |
Внесуваме вредност на договорениот рабат кој важи само за овој купувач. Вредноста се внесува како процент. |
Максимално дозволен
рабат |
Подесување на максималниот дозволен рабат при изработка на ПОС сметки. Внесување вредност за попуст која го надминува договорениот максимален рабат ќе врати порака: Максималниот дозволен рабат за овој купувач е X%!.
Вредноста "-1" означува дека нема ограничување за максимален рабат.
|
Валута |
Подесуваме Валута која се користи за изработка на документи наменети за овој упувач. Доколку не избереме различно, автоматски ке се повлече валута која е дефинирана за избраната држава за овој купувач. |
Начин на плаќање |
Избери начин на плаќање. |
Начин на достава |
Избери Шифра за начин на достава. |
Паритет |
Избери Шифра на паритет кој ќе важи за овој купувач. |
Место |
Подесување на Место на достава за купувачот. |
Тип на субјект |
По избор може да внесеме тип на субјект од Типови на субјекти. Се користи како матрица за класификација на купувачите, која што носи информации за валута, достава, место, итн.за субјектите кои се дефинирани со овој тип. Се користи за лесна промена на неке својство на сите купувачи од одреден тип. На пример доколку сакаме да ја промениме вредноста за број на денови за плаќање на сите купувачи од овој тип, со промена на оваа вредност во матрицата на типот на субјекти истата може да се распредели на сите субјекти од овој тип. |
Периодичност |
Со двоен клик на полето периодичност, се отвара Шифрарник на периодика на збирно фактурирање. Тука може да се внесе интервал за изработка на збирни фактури. |
Плаќач |
Избираме плаќач. Се користи кога за одреден купувач постојат повеќе локации за достава (на пример Купувач1->Магацин1). При изработка на документи за овие локации (Магацин 1) испорака се врши на нивна локација, додека на документот како плаќач фигурира изберениот плаќач (Купувач1). |
Валидност на нарачката(во денови) |
Ако во полето е дефиниран одреден број, тогаш за овој партнер, овој број на денови е поставен на документите како денови на валидност.
Полето може да се пополни со броеви, максимум 3 знаци.
Ако полето има стандардна вредност -1, тогаш валидноста на нарачката е поставена од Административна конзола/ Нарачки - дефинирана е валидност на нарачката.
Оваа опција е додадена во новата верзија на PANTHEON 10.0.22.00+
|
Начин на
продажба |
Избираме начин на продажба кој ќе се користи како зададен при изработка на документи за овој купувач. Оваа информација нужно е да е исправна бидејќи од истата зависи точноста на ДДВ пресметките. Може да избереме од следниве опции:
- Даночен обврзник - Продажба на домашни даночни обврзници.
- Извоз
- Краен купувач – Продажба на домашни купувачи кои не се даночни обврзници.
|
Пресметка на цени |
Избираме како на документите ќе се прикаже зададениот рабат:
- Договорениот рабат се прикажува одвоено - Основната цена и договорениот рабат се прикажани одвоено.
- Рабатот се прикажува одвоено - доколку е изберена оваа опција, програмот за продажна цена ја избира продажната цена, додека разликата до вистинската продажна цена ја прикажува како рабат на таа позиција. Од овие причини не е препорачливо рачно да се внесува рабатот кај овој начин на работа.
- Рабатот е вклучен во цената: Се прикажува само нето продажна цена.
За повеќе информации погледнете Хиерархија за одредување на продажна цена!
|
Ценовна класа |
Избор на ценовна класа за купувач означува кои цени важат за истиот. Продажните цени ќе бидат изберени автоматски во зависност од овој избор:
- Цена без ДДВ
-
- Големопродажна цена 1
- Големопродажна цена 2
|
Одговорно лице |
Избираме одговорно лице. |
Електронска размена на податоци
Овие податоци се внесуваат кај купувач и кај добавувач, истите се прикажуваат кај двата вида партнери.
Избираме параметри за подесување на работа со партнерот преку електронски e-Slog, пренос на документи:
Начин на работа |
Избираме дали сметките за субјектот ќе се извесуваат во e-Slog или не. Без разлика која опција избереме сите документи можат да се увезат.
- Хартиено и електронско - се прави извоз во е-Слог.
- e-Slog - Едноставна сметка - се прави извоз во е-Слог.
- Хартиено - НЕ се извезува во е-Слог со користење на функцијата Извоз во - електронски e-Slog, документ за купувачот).
|
Партнерови документи се потпишани |
Доколку е означено, се врши задолжителна проверка на електронскиот потпис на партнерот. Доколку опцијата е означена а документот нема или има невалиден потпис програмата јавува грешка (види 5343 Документот не е потпишан!).
Доколку примениме потпишан документ, валидноста на потписот се проверува без разлика дали опцијате е означена или не. Доколку потпишан документ нема валиден потпис програмата ја јавува следната грешка 5340 Потврдана валидност на потпис не е успешна!.
|
Енкрипција на документи |
Не се користи |
ЕАN Код на субјектот |
Овој код се користи за идентификација на субјектот со кој се врши размена на е е-Слог документи. |
Камати
Пресметка на камати |
Доколку оваа опција не е селектирана, при пресметка на камата овој субјект нема да се појави како кандидат за пресметка. |
Тип на каматна стапка |
Доколку за субјектот имаме договорена каматна стапка за задоцнета наплата може за потребите за пресметка на затезна камата да ја избереме од табела на каматни стапки. |
Вид на каматна стапка |
Избираме вид на каматна стапка. |