Лента со алатки
За општи информации поврзани со функциите на лентата со задачи погледнете Лента со алатки |
|

Лентата со задачи во Персонални мапи ги содржи следните функции:
 |
Со филтерот кој се наоѓа на Лентата со задачи може да се диференцираат вработените според нивниот статус. Исто така може да се изберат сите статуси. |
Delete Record
 |
Со притискање на ова копче може да го избришете записот што го гледате моментално. Пред да го избришете записот, програмот ќе побара потврда, дали навистина сакате да го избришете. Понатаму, програмот ќе ве праша дали би сакале да ги избришете информациите за вработениот од Шифрарникот на партнери.
Програмот нема да дозволи да избришете вработен за кој веќе е креиран документ во работна книшка. За повеќе информации погледнете Бришењето не беше успешно! (постојат врзани записи).
Доколку ги избришете овие документи, програмот ќе ви дозволи да ја избришете персоналната мапа на вработениот.
|
Navigation Buttons
 |
Со користење на навигационите копчиња можете да пребарувате меѓу податоците (од лево кон десно се : Прв запис, Претходен запис, Пронајди запис, Следен запис, Последен запис) |
Lookup
 |
Доколку е внесен запис за вработениот, можете да го побарате со кликање на полето за пребарување:

Со користењето на оваа опција можете брзо да стигнете до бараниот запис. Доколку кликнете на иконата со три точки, програмот ќе отвори посебен прозорец за полесно пребарување. Можете да ги пребарувате вработените според различни критериуми.
|
Нов запис
 |
Со кликање на ова копче ќе се отвори нов запис. Покажувачот ќе биде позициониран во полето Матичен број во Заглавјето на документот. Во менито на панели ќе биде прикажан панелот Податоци за | Основни податоци.
|
Предлози
 |
Ова копче го отвара менито за Предлози.
|
Волшебници
 |
Ова копче го отвара менито Волшебници. Некои функции се достапни само доколку одредени критериуми се задоволени (зависно од панелот, одредено поле, итн.)
- Функцијата Додавање на ново работно место! е достапна само во панелот Работна Книшка, доколку е дефинирано полето Крај. Оваа команда ќе ги испразни податоците од полињата во делот Последно вработување, кој се наоѓа под главниот дел на работната книшка и ќе овозможи внес на нови.

- Функцијата Распоредување на сметките за ДДМО е достапна само при панелот ДДПО. Оваа функција се користи за внес/промена/бришење на сметки за ДДПО кои се внесени за поединечни вработени или групи на вработени.

- Часови реално --> Часови пренос е функција која е достапна само за панелот Задачи (Работно време) и се користи за пренос на податоци од Часови реално во Часови пренос.

|
Исписи
 |
Ова копче го отвара прозорецот за Исписи. |
Увоз/Извоз на податоци
 |
Со притискање на ова копче можете да вршите увоз-извоз на податоци. |
Помош
 |
Ова копче ви дава пристап до Помош.

|